Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Козјо млеко – Незаменлив заштитник на вашето здравје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Козјо млеко – Незаменлив заштитник на вашето здравје
Магазин

Козјо млеко – Незаменлив заштитник на вашето здравје

Објавено 16/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Козјото млеко по својот состав е многу слично на мајчиното млеко и спаѓа во најздравите намирници со голем број лековити својства.

Многу години ова млеко освен во исхраната се користи и како лек за многу болести како што се: бронхитот, алергиитте, се користи за зајакнување на имунитетот, лечење и зајкнување на белите дробови. Истражувањата покажале дека ова млеко многу подобро го поднесува нашиот систем за варење отколку кравјото млеко. Козјото млеко содржи ниско ниво на алергени, брзо се вари и целосно се апсорбира.

Истражувањето кое го спровело списанието „International Journal of Food Science Nutrition“ открива дека козјото млеко во основата на својата ДНК има голема сличност со структурата на ДНК на човечкото млеко, поради што би можело да се вклучи во формулата која ќе ја подобри исхраната на доенчињата.

Со козјото млеко постигнати се добри резултати  при лечењето на разни пореметувања кај луѓето кои страдаат од  срцеви болести,  детска епилепсија, фиброзни цисти, болести на жолчката и т.н.

Козјото млеко изобилува со калциум и фосфор кои се неопходни за зајакнувње  на коските. Исто така содржи и цинк, селен и  многу силни антиоксиданси . Голем број научници, козјото млеко им го препорачуваат на луѓе кои страдаат од анемија, односно при недостаток на железо во крвта.

Ова млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор, магнезиум, а карактеристично е и тоа што овие минерали во козјото млеко ги има во многу поголема концентрација, отколку во кравјото млеко. Исто така козјото млеко содржи 40 % помалку цитрати од кравјото млеко.

Со оглед на тоа  дека козите ја јадат кората од растенијата значи дека нивното млеко е богато со силициум, а тоа е минерал кој позитивно делува на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

Исто така содржи и голем број протеини богати со важни аминокиселини, витамини и не содржи тешко сварливи масти. Има помалку лактоза од кравјото млко, па се препорачува за луѓе кои се осетливи на лактоза.

Кај децата кои се хранети со козјо млеко забележан е брз раст и подобра минерализација на коските, во однос на децата кои се хранеле со кравјо млеко.

Сурутката, козјото сирење и јогуртот се едни од најмоќните природни средства кои го зајакнуваат имунитетот кај децата. Исто така овие намирници се препорачуваат како превенција и терапија кај луѓето со остеопороза, покачен холестерол и крвен притисок, кај воспалителни процеси и за подобрување на работата на црниот дроб и бубрезите.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:заштитникКозјото млеко
Претходен напис Средба Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ
Следен напис Николовски од состанокот на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа: Единствено заедно можеме да обезбедиме одржливи системи за храна и да се избориме против деградацијата на агро системите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?