Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ
Агровести

Средба Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ

Објавено 16/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на шеснаесеттиот работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, одржа средба со федералниот германски министер за земјоделство, Џем Оздемир.

На средбата министерот Николовски изрази голема благодарност за досегашната поддршка и соработката што како земја континуирано ја добиваме од Германија.

Преку финансиска поддршка од KfW ја реализираме изградбата на еден од најзначајните капитални проекти, системот за наводнување Јужновардарска долина, а значајна е и улогата на Германското друштво за регионална соработка (GIZ) во спроведувањето на проектот Поддршка за економска диверзификација на руралните области на Југоисточна Европа.

Министерот Николовски на средбата го нагласи процесот кој министерството го работи за усогласување на домашното законодавство со европското, во делот на директните плаќања во земјоделството, руралниот развој, регулацијата на заедничкиот пазар, органското производство, рибарството и аквакултурата, земјоделското осигурување и законот за вино. Новиот модел за субвенционирање кој се подготвува заедно со земјоделците и е во финална фаза, е уште едно од усогласувањата со евопските политики кое министерството ги реализира.

Двајцата министри разговараа за процесот на преговорите кој Република Северна Македонија го отпочна со Европската Унија. Германскиот федерален министер за земјоделство, Џем Оздемир ја нагласи поддршката која Германија ја дава на Северна Македонија во преговарачкиот процес.

Високиот процент на реализација кај ИПАРД програмата и имплементирањето на главните цели од Зелената агенда за Западен Балкан во ИПАРД 3 програмата, двајцата министри го оценеја како значаен напредок на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Унијата.

Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер во интегрирањето на нашата држава во Европската Унија, со која бележиме одлична трговска размена на наши македонски земјоделски и прехранбени производи, бележејќи извоз од околу 42 милиони евра. Македонското вино, тутун и конзервиран зеленчук се дел од домашните производи кои најмногу се извезуваат во Германија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:николовскиоздемир
Претходен напис Времето денеска облачно и магливо
Следен напис Козјо млеко – Незаменлив заштитник на вашето здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?