Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа
Агровести

Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа

Објавено 27/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската енергетска криза, предизвикана со намалената испорака на природен гас од Русија за време на војната со Украина, принуди жители на некои европски земји да се свртат кон поевтини извори на греење, како што е огревното дрво, пишуваат дел од светските медиуми.

Бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои складираат, цените нагло пораснаа, пријавени се недостиг и кражби и постои страв од влијанието на зголеменото загадување на воздухот и сечата на дрва врз животната средина.

Лидерите на Молдавија се загрижени дека зимата што доаѓа може да биде особено тешка за многумина граѓани поради високите цени на струјата и греењето, затоа што европските цени на природен гас тројно се зголемија во споредба со почетокот на 2021 година и покрај падот од рекордните вредности забележани во август.

Побарувачката за огревно дрво не е ограничена само на посиромашни земји како Молдавија, туку се зголеми и во богатите региони на Европа, наведуваат дел од медиумите.

Државните шуми на Германија, Полска и Чешка имаат многу поголема побарувачка за ограничени количини огревно дрво, што го продаваат во рамки на нивното одржливо стопанисување со шумите.

Германската агенција за статистика објави дека цените за огревно дрво и пелети направени од струготини, што може да се користат за централно греење, се зголемени за над 85 отсто во август во однос на година дена претходно.

Растат цените на огревното дрво и во Велика Британија.

Чешките државни шуми, што продаваат дрва само за домашна потрошувачка, мораа да ја ограничат количината на огревно дрво што се продава на поединци, со цел да спречат шпекулативни набавки.

Побарувачката за ситно огревно дрво од државните шуми во Полска порасна за 46 проценти, а за големо огревно дрво за 42 отсто до крајот на август во однос на годината претходно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дрва огревевропацени
Претходен напис „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово во селата Љубодраг, Умин Дол, Опае и Лопате
Следен напис Почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ за над две илјади земјоделци во Кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?