Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ за над две илјади земјоделци во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ за над две илјади земјоделци во Кочанско
Агровести

Почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ за над две илјади земјоделци во Кочанско

Објавено 27/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани почна распределбата на картичките за „зелена нафта“, а евидентирани се над две илјади земјоделски стопанства во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Земјоделците можат лично да ги подигнат картичките во просториите на службата, при што неопходно е да приложат документ за идентификација.

-Според евиденцијата, финансиска поддршка за „зелена нафта“, во вкупен износ од над 6,6 милиони денари, треба да добијат 2.021 земјоделец од трите општини што ги покрива нашата служба. Поединечниот износ со кој ќе им бидат покриени трошоците за дизел гориво е различен за единица површина, односно определен е според земјоделската гранка што е пријавена во електронските барања што тие ги поднеле до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по Програмата за 2021 година. Со ваучерите, односно со картичките ќе можат да набават гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април 2023 година, а ако им преостанат средства што не ги искористиле, после тој рок ќе им бидат блокирани, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да можат да ја добијат финансиската поддршка за дизел гориво, земјоделците треба да ги имаат платено обврските за воден надоместок. Притоа, сите кои ги подмириле давачките до 25 јули годинава се влезени во првата група за распределба и картичките им се издаваат веднаш, додека земјоделците кои обврските кон АД Водостопанство ги платиле после овој рок, ќе се најдат во втората група и финансиската поддршка ќе ја добијат подоцна.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:зелена нафтаКочани
Претходен напис Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа
Следен напис Николовски: Годинава сме 29. земја во светот по извоз на вино и сме втори во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?