Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово во селата Љубодраг, Умин Дол, Опае и Лопате
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово во селата Љубодраг, Умин Дол, Опае и Лопате
Агровести

„Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово во селата Љубодраг, Умин Дол, Опае и Лопате

Објавено 27/10/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кумановските села Љубодраг, Умин Дол, Опае и Лопате, спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот, „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.

– Во непосреден разговор со граѓаните, особено оние што ја користат земјоделската механизација од страна на полициските службеници им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата. Посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација, првенствено поради нивната лична безбедност и секако за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопштија од СВР Куманово.

Полицијата постави и флуоресцентни самолепливи ленти заради обележување на тракторите при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот.

Беа одржани и кратки едукативни предавања за безбедно учество во сообраќајот на трактористите во руралните подрачја во Кумановско.

Од полицијата нагласуваат дека механизацијата мора да е во исправна состојба и да внимаваат при вклучување од нивите на патиштата.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:кумановоТрактор
Претходен напис (ФОТО) Порибени Мавровското Езеро и реката Радика
Следен напис Зголемени цените на огревно дрво поради енергетската криза во Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?