Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски ги повика пчеларите да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, со цел добивање подобра финансиска поддршка за вистинските пчелари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Николовски ги повика пчеларите да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, со цел добивање подобра финансиска поддршка за вистинските пчелари
Саеми и манифестации

Николовски ги повика пчеларите да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, со цел добивање подобра финансиска поддршка за вистинските пчелари

Објавено 22/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешното отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ порача дека посакува уште многу настани кои ќе ги промовираат македонските производи.

-Горди сме што оваа година достигнавме рекорд на поддршка на бројни манифестации кои се одржуваат и тука во Скопје и ширум целата држава, а кои ја промовираат органската храна, биохрана, еколошката македонска храна, медот, останатите наши убави производи – 47 рекордни манифестации се одржуваат оваа година. Рекордите ги поставуваме и во меѓународното промовирање на нашите производи, затоа голем број на здруженијата, како здружение „Матица“ и многу други економско-социјални партнери на Министерството даваат поддршка, односно учествуваат и ги промовираат овие производи, рече Николовски.

(ФОТО) Денови на македонскиот мед – „Засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните“

Тој за во понеделник ги повика пчеларите на подсекторска група, за како што рече, да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, но и за тоа како да го подобрат целокупниот сектор и како да имаат подобра финансиска поддршка до вистинските пчелари, до вистинските производители.

-Во 2018 година како држава дадовме поддршка на Република Словенија да се прогласи Меѓународен ден на пчелата. Меѓународниот ден на пчелата беше прогласен на 19. Мај, на ниво на Обединети Нации, и токму тоа говори за важноста и значењето на оваа сточарска гранка, но и за поддршката која ја има од институциите.

Претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билболовски денеска по повод отворање на манифестацијата, посочи дека истата е од особена важност за едукација на посетителите, како да го препознаат вистинскиот мед од како што рече, „наплив“ на се поголем број фалсификати.

-За жал кај нас Медот повеќе се користи како лек, отколку како храна. Живееме во време кога напнатоста и стресот се општо прифатени како начин на живот. За жал денес постојат голем број вируси, алергии, болести кои пред стотина години не постоеле. Дел од нив се поради неправилната и вештачка исхрана. Единствениот начин на кој луѓето можат да живеат во склад со приридата е да ја почитуваат, да не ја загадуваат, да ги заштитат животните и инсектите, растенијата, зашто само таква природа може да ни обезбеди здрав живот со сите благодети, рече Билболовски.

Според Билболовски, еден од тие дарови на природата е медот, кој претставува единствена природна суспстанца која уште од давнина е сметана за храна и лек.

-На нас пчеларите ни останува да ја вратиме довербата кај потрошувачите, а тоа може да го направиме преку правилна едукација и поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, Инспекторатрот, Министерство за земјоделство. Ги повикувам надлежните заедно со нас да помогнат да ја спречиме нелегалната трговија со Медот и фалсификатите, додаде Билболовски.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Претходен напис (ФОТО) Денови на македонскиот мед – „Засега цената на медот нема да се зголемува, бидејќи ги следиме реалните можности на граѓаните“
Следен напис Огромен скок на цените на огревното дрво и пелетите во Германија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?