Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупувачите на ориз на средба со Димковски – од квалитетот на реколтата ќе зависи откупната цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Откупувачите на ориз на средба со Димковски – од квалитетот на реколтата ќе зависи откупната цена
Пазари

Откупувачите на ориз на средба со Димковски – од квалитетот на реколтата ќе зависи откупната цена

Објавено 16/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за ориз на вчерашната средба со заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски беа воздржaни за висината на откупните цени и ќе чекаат да почне новата жетва за да се види квалитетот и приносите на овогодишната реколта.

Истакнаа дека се соочуваат со драстично зголемени трошоци за сушење и преработка на оризот, особено поради енормно високите цени на струјата, натрупаните залихи ориз од минатата година и неконкуретните цени за извоз.

-Кај откупувачите има неизвесност каква ќе биде овогодишната жетва, додека комбајните не влезат и не се види со колкава влага ќе биде зрното, колкав рандман ќе дава, каков ќе биде приносот од единица површина и слично, не може да се каже цената. Она што сите нè интересира е дека откупната цена ќе се базира на квалитетот и влажноста, со оглед што таа е повисока на почетокот на жетвата, но извесен оптимизам даваат најавите дека ќе можат да се задржат постојните странски пазари и покрај конкуренцијата од увоз со бродски контејнери од трети земји. Во соработка со Институтот за ориз во наредните неколку денови ќе ја имаме производната цена, врз основа на што ќе имаме дополнителни состаноци со оризопроизводителите и со откупувачите заедно, по што очекуваме поцврст договор за откуп. Откупувачите се пожалија на трошоците за струја што им се зголемени за пет-шест пати, како и со недостиг на работна рака. Моето оптимистичко сценарио е дека идната недела, по следниот состанок, кога ќе ги имаме фактите и аргументите од двете страни, ќе може да се очекува и почеток на откупот, истакна заменик министерот Димковски.

Согледувајќи го сегашното движење на цените на домашниот и на странските пазари, откупувачите истакнаа дека максималната цена што би можеле да ја пoнудат е околу 26 денари за килограм арпа, што ќе зависи од сортата, квалитетот на зрното, односно влажноста и количината бел ориз што ќе се добие по лупењето.

За идната недела е најавена заедничка средба на претставници на земјоделците и откупувачите, на која Министерството за земјоделство ќе посредува за постигнување меѓусебна согласност и договор за цените по кои ќе се откупува новото производство.

Може да ви се допадне

Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Србија: Министерството бара повисока откупна цена на млекото! По средбата со сточарите, следат нови потези
Трипуновски на средба со производителите и откупувачите на ориз
МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Каракашев за ТВ24: Потребен е закон за одредување најниска откупна цена
Таг:оризоткупна ценаоткупувачи на оризТрајан Димковски
Претходен напис Од полноќ се намалува цената на дизелот
Следен напис Куманово избира фирма за чистење на речни корита
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?