Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Куманово избира фирма за чистење на речни корита
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Куманово избира фирма за чистење на речни корита
Шумарство и водостопанство

Куманово избира фирма за чистење на речни корита

Објавено 16/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Куманово објави нов тендер за чистење на речните корита, соопштија вчера надлежните. На почетоков од месецов беше исчистено дел од речното корито, по што граѓаните реагираа и бараа чистењето да продолжи долж реките. Во објавената јавна набавка како што стои на електронскиот систем за јавни набавки заинтересираните оператори можат да се пријават за расчистување на диви депонии на територија на Општина Куманово и чистење на речните корита на територија на општина Куманово до 30 септември годинава.
Покрај општите документи, операторите треба да достават информации за позитивно финансиско работење за последниве три години со минимален приход од 6,5 милиони денари поединечно за секоја година. Операторите треба да имаат 35 ангажирани лица, меѓу нив и стручен кадар, инженери. Во тендерската документација е наведено дека операторите треба да поседуваат соодветна механизација за извршување на активностите на терен. Со цел да се обезбеди и соодветно ниво на конкуренција, операторите треба да достават и договор за изведба од минимум четири милиони денари.

Месецов истекува годишниот договор со избраната компанија за чистење на речните корита и диви депонии, за кој беа одвоени скоро два милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Кумановци велат дека треба да се исчистат и речните корита долж теченијата на реките и во другите делови од градот. Тие повикуваат на засилени контроли, суштинско применување на законските одредби и казни за несовесните граѓани кои фрлаат смет во речните корита.

Може да ви се допадне

Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:кумановоречни корита
Претходен напис Откупувачите на ориз на средба со Димковски – од квалитетот на реколтата ќе зависи откупната цена
Следен напис Времето денеска сончево и натпросечно топло со температури до 35 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?