Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализа: Изградбата на хидроелектрани во Западен Балкан ќе биде сè потешка и поризична
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Анализа: Изградбата на хидроелектрани во Западен Балкан ќе биде сè потешка и поризична
Шумарство и водостопанство

Анализа: Изградбата на хидроелектрани во Западен Балкан ќе биде сè потешка и поризична

Објавено 12/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектите за изградба на нови хидроелектрични централи во земјите од Западен Балкан ќе бидат се потешко да се реализираат во иднина поради климатските промени, противењето на јавноста и правните и финансиски предизвици, при што тие проекти или нема да придонесат за енергетската безбедност или немаат доволно економски потенцијал, се нагласува во анализа на повеќе меѓународни организации.

Хидроцентралите традиционално играат голема улога во многу електроенергетски системи од Југоисточна Европа, со особено голем удел во некои земји од Западен Балкан каде што заедно со јагленот со децении се столбот на производството на електрична енергија.

Во анализата „Зошто хидроенергијата во Југоисточна Европа е ризична инвестиција“ се наведува дека многу земји од Југоисточна Европа се во фаза кога новите хидроенергетски капацитети нема да придонесат за енергетската безбедност поради прекумерната зависност, како што е случајот во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, или им остана мал економски потенцијал, како што е случајот со Бугарија и во Косово.

Албанија е речиси 100 отсто зависна од хидроенергијата, Црна Гора околу 50 отсто, Босна и Херцеговина произведува околу една третина од својата електрична енергија во хидроцентралите, Србија околу 28 отсто, а Република Северна Македонија речиси една четвртина. Затоа, не е изненадувачки што кога потребата за развој на обновливи извори на енергија стана дел од политичката агенда на ниво на ЕУ кон крајот на 90-тите и почетокот на 21 век, владите на земјите од Југоисточна Европа најмногу гледаа на тоа како можност за изградба на повеќе хидроцентрали“, се наведува во извештајот објавен од „ЦЦЕ Бенквоч“ (CEE Bankwatch), „ЕуроНејчр“ (EuroNatur), „Ривервоч“ (RiverWatch) и „ВВФ Адриа“ (WWF Adria).

Иако некои земји во регионот тврдат дека имаат огромен неискористен потенцијал, авторите на студијата истакнуваат дека овие тврдења обично се засноваат на децениски процени од времето „кога врнежите беа попредвидливи, кога луѓето не се спротивставуваа на експропријацијата и кога беше малку познато за неверојатниот биодиверзитет на регионот“.

Во изминатите две децении, стотици мали хидроцентрали со моќност до 10 мегавати се изградени низ целиот регион, често во заштитени подрачја или други високо чувствителни живеалишта, додека обидите за изградба на „гринфилд“ хидроцентрали од над 10 мегавати во голема мера беа неуспешни, со исклучок на Албанија и во Словенија.

„Сепак, развивачите на проекти продолжуваат да ги туркаат плановите за изградба на нови големи хидроелектрични централи, пренасочувајќи ги ресурсите и напорите од развивање побрзи и поекономични алтернативи, се истакнува во студијата. Исто така се додава дека Босна и Херцеговина е особено амбициозна, и покрај тоа што во изминатата деценија не успеа да заврши ниту една „гринфилд“ голема хидроцентрала. Укажувајќи на ризиците од хидроенергетските проекти, во извештајот се оценува дека нивната реализација ќе биде сè потешка поради климатските промени, уникатната биолошка разновидност во регионот, правните предизвици, отпорот на јавноста и финансиските проблеми.

Анализата ги истакнува високите ризици од изградба на девет хидроцентрали во регионот, вклучувајќи ги електраните Скавица во Албанија, Бистрица, Бук Бијела, Дабар, Улог и Јањиќи во Босна и Херцеговина и Комарница во Црна Гора. Авторите на извештајот препорачуваат нискоризични инвестиции кои можат да му помогнат на регионот да премине кон позелен, социјално и економски одржлив енергетски систем. Заедничко за сите земји од регионот, според анализата, е неискористениот потенцијал на енергијата од Сонцето и од ветерот.

МИА

Може да ви се допадне

Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:Западен балканхидроелектрани
Претходен напис Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие, покажува научна студија
Следен напис (ВИДЕО) Моќен комбајн го собори Гинисовиот рекорд во жетва на пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?