Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие, покажува научна студија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие, покажува научна студија
Магазин

Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие, покажува научна студија

Објавено 12/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На ниту едно место на планетата Земја, дождовната вода не може да се пие поради присуството на токсични хемикалии кои ги надминуваат препорачаните нивоа, покажува една неодамнешна студија на научници од Универзитетот во Стокхолм, јави дописникот на МИА.

„Нема ниту едно место на Земјата каде што дождовницата би била безбедна за пиење, според податоците што ги користевме“, изјави за француските медиуми, Иан Казинс, професор на Универзитетот во Стокхолм и директор, автор на студијата објавена во списанието Environmental Science and Technology.

Неговиот тим ги проучувал податоците собрани од 2010 година и покажал дека „дури и на Антарктикот или на Тибетската висорамнина, нивото на загаденост на дождовницата е над предложените упатства од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА)“, додава тој.

Нормално двата региони се сметаат за недопрени, но и тие имаат нивоа на ПФАС (пер и полифлуороалкил) „14 пати повисоки“ од американските упатства за водата за пиење. Попознати како „хемикалии кои траат вечно“ бидејќи се распаѓаат екстремно бавно, PFAS, првично присутни во амбалажите, шампоните или дури и шминката, се проширија во нашата средина, вклучително и во водата и воздухот. Откако ќе се проголта, ПФАС се акумулира во телото. Според некои студии, изложеноста на ПФАС може да има ефекти врз плодноста и развојот на фетусот. Исто така, може да доведе до зголемен ризик од дебелина или одредени видови на рак (простата, бубрези и тестиси) и зголемување на нивото на холестерол. ЕПА неодамна го намали препорачаниот праг на ПФАС откако откри дека овие хемикалии можат да влијаат на имунолошкиот одговор на вакцините кај децата, забележува Иан Казинс. Според Иан Казинс, ПФАС сега се „толку упорни“ и се присутни што никогаш нема да исчезнат од Земјата.

„Ние ја направивме планетата непријатна за човечкиот живот со неповратно контаминирање, што значи дека веќе ништо не е чисто. И до тој степен што не е доволно чисто за да биде сигурно“, рече тој. Ја „поминавме планетарна граница“, вели Иан Казинс, мислејќи на модел кој ја проценува способноста на Земјата да го апсорбира влијанието на човековата активност.

Сепак, научникот забележува дека нивоата на ПФАС во телото на луѓето се намалени „прилично значително во последните 20 години“ и дека „нивото на околината (на ПФАС во животната средина) останало исто во последните 20 години “.

„Препораките се тие што се сменија“, прецизира истражувачот, објаснувајќи дека препорачаното ниво на ПФАС е намалено „милиони пати од почетокот на 2000-тите, бидејќи знаеме повеќе за токсичноста на овие материјали“. И покрај наодите од студијата, Иан Казинс смета дека мора да научиме да „живееме со тоа“. „Не сум страшно загрижен за секојдневната изложеност на планините, водни патишта или храната. Не можеме да избегаме само ќе мора да живееме со тоа“.

„Но, тоа не е идеална ситуација, каде што сте ја контаминирале животната средина до тој степен што природната изложеност не е навистина безбедна“.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:дождовницазагадување
Претходен напис Денеска ќе биде променливо облачно, попладне дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Анализа: Изградбата на хидроелектрани во Западен Балкан ќе биде сè потешка и поризична
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?