Компанијата New Holland уште еднаш влезе во листата на најдобрите. Имено, комбајнот CR8.90 Revelation постави нов рекорд на жетва на пченица кога за осум часа ожнеа 403,64 тони. Успехот го акредитираше Гинисовата книга на рекорди, пренесува Agroklub.
Тоа се случи на 4 јули во Романија, во Шиндрилица, на фарма на која беа ожнеани вкупно 80.600 тони пченица, а рекордот е поставен од увозниците од New Holland за Романија, кои го споиле комбајнот со хедерот MacDon FD140. Нивната цел беше да ги покажат перформансите на идеалниот комбајн за условите во оваа земја, како и неговите капацитети и технички карактеристики.
Подобрени перформанси
Комбајнот со Twin Rotor технологија е опремен со хедер со ширина 12,2 метри MacDon Draper FD140. Го придвижувал мотор FPT курсор со моќност од 544 КС. Потрошувачката на гориво била 1,91 l/t.
Стандардно опремениот комбајн со овој мотор е со малопродажна цена од 500.000 евра.
За транспорт се користеле два трактори New Holland T8.410 и T7.315 HD, две приколки за претовар со капацитет 30 m³ и три камиони со голем капацитет.
Со комбајнот управувале вкупно четворица возачи, кои се менувале на секои два часа за време на жетвата, која започнувала во 10:07 часот, а завршувала во 18:07 часот.
Пет сведоци
Овој потфат бил извршен во присуство на пет сведоци кои во две смени ја надгледувале жетвата, меѓу кои и д-р Овидиу Ранту, професор по инженерство, како независен набљудувач. Секако, се се одвиваше во присуство на официјалната судијка за Гинисови рекорди, Сејда Субаси-Гемичи.
На вредниот тим не му пречеле ниту температурите кои тој ден достигнале 40 степени Целзиусови.
Во видеото погледнете како изгледаше жетвата, како и прославата што следеше:
