Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
Агровести

Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност

Објавено 18/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Инвестициите не носат само нови поврзувања, тие го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што се одржува денеска во Солун. 

Како што посочи Закоњшек, транспортот не се состои само од инфраструктурата и не се работи, рече, само за возовите, за авионите, за патиштата, туку за луѓето.  – Премногу често го мериме нашиот успех во километри или во тонажа. Но, она што го носи поврзаноста, а тоа е уникатноста на нашата работа и нејзината цел, е поврзаноста што го овозможува животот на нашите луѓе, животот на нашите заедници, животот на нашите бизниси. Пациентите да стигнат до медицинска нега, студентите да стигнат до образование, претприемачите да стигнат до нови пазари и нашите заедници да напредуваат. Самата поврзаност не е целта. Целта е таа да  донесе можности за сите нас. Нашиот регион во овој поглед, нашиот прекрасен дел од Европа, не е периферија. Тој е срцевината на новата европска политика за поврзаност, рече Закоњшек.

Еврокомесарот за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас посочи на важноста од постојани инвестиции во железницата, патиштата, пристаништата, аеродромите ширум  регион.

– ЕУ веќе дава невиден придонес за регионот на Западен Балкан преку Планот за раст.
Сепак, само јавното финансирање секако не е доволно. Предизвикот пред нас, затоа, не е само да мобилизираме финансирање, туку да мобилизираме партнерства меѓу владите и меѓународните финансиски институции, меѓу регионалните партнери и меѓу јавниот и приватниот сектор. Успехот на проширувањето на ТЕН-Т (Трансевропската транспортна мрежа) зависи од регионалната соработка. Транспортните коридори не запираат на националните граници. Железницата е ефикасна само толку колку што е ефикасен нејзиниот најслаб прекуграничен дел, рече Цицикостас. 

Како што јави известувачот на МИА од Солун, за клучните тековни и идни инфраструктурни проекти дебатираат претставници од седум европски држави и од меѓународни финансиски институции, а Македонија ја претставува заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“,
каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното  поврзување. 

Во рамки на Самитот,  Николоски ќе има бројни билатерални средби.

Самитот го организираат Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција,  Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан. 

МИА

Може да ви се допадне

МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Во Народната банка 58. сесија на Клубот на истражувачи
Прекин на водоснабдување на дел од улицата Димитрие Чуповски во Скопје
Таг:европска политикаЗападен балкансамиттранспортот
Претходен напис Ориз со пилешко и зеленчук
Следен напис МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?