Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со Интервентниот фонд се проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со Интервентниот фонд се проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство
АгровестиФондови

Со Интервентниот фонд се проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство

Објавено 03/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во март годинава Владата ја усвои Програмата за Интервентниот фонд во земјоделството, „тешка“ четири милиони евра која, како што образложи тогаш министерот Николовски, нема никаква врска со останатите редовни програми за директни плаќања. Од Фондот, 120 милиони денари или околу два милиона евра се за субвенционирање на трошоците за ѓубрива, но дополнителни средства има и за одгледувачите на јагниња и свињи.

-Добро е што е формиран овој Фонд, кој е сериoзен инструмент за справување со кризни состојби како оваа. Дел од мерките на политиките се поддржуваат од него и треба да дадат позитивни резултати, но ефектите допрва ќе треба да се измерат и оценат, смета професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Претседателката на НФФ, Васка Мојсовска оценува дека Интервентниот фонд им помогна на поледелците во делот на одржување на насадите со јачмен и пченица.

-Но, ситуацијата на терен покажува дека со поскапување на инпутите, производство на пченица оваа година е со многу висока цена, а откупната цена која ја даваат млинарите е многу ниска и изнесува 18 денари за килограм. За да опстанат овие култури и есенската сеидба да биде реализирана, треба да има дополнителна поддршка, вели Мојсовска.

И Агро бизнис комората се согласува дека Интервентниот фонд имаше значајно позитивно влијание зашто помогна во покривање на трошоците за репроматеријали и ѓубрива.

-Сепак, оваа мерка беше задоцнета. Во земјоделството, процесот е организиран во циклуси кои не може да се одложуваат, така што ако не ги добиете навреме средствата за да купите тоа што е потребно, на пример некој препарат за прихрана, времето ќе помине, подоцна не може да се аплицира и на крајот, тоа се одразува врз приносот, нагласува претседателот на Комората, Ѓорѓиевски.

Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија не гледа конкретни ефекти од Интервентниот фонд.

-Одредени сегменти од агросекторот досега не беа опфатени со мерките на Интервентниот фонд, па во таа смисла во овој момент не би можеле да се презентираат конкретни ефекти. Има најава дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за исплата на заостанатите субвенции и тоа може да делува во насока на ублажување на состојбите. Истовремено, со уште позасилено темпо почнува реализацијата на програмите за државна поддршка за зголемување на сточниот фонд, доделување земјиште на сточари за сопствено производствена сточна храна. Во меѓувреме, итно треба да се забрани извоз на житарки кои се употребуваат како сточна храна (пченка, јачмен), како и луцерка. Не се јасни причините зошто и овие култури не беа опфатени покрај пченицата со мерките за забрана за извоз, посочуваат од Здружението.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ѓунриваинтервентен фондрастително призводство
Претходен напис Министерство за економија: Трговскиот дефицит во делот на храната е најголем кај месото и месните производи, млекото и млечните производи и животинските и растителни масла
Следен напис ДИЖС изврши два вонредни надзора по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?