Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЖС изврши два вонредни надзора по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > ДИЖС изврши два вонредни надзора по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња
Шумарство и водостопанство

ДИЖС изврши два вонредни надзора по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња

Објавено 03/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Двата субјекта, пречистителната станица од Доброшане, кумановско и фабриката за преработка на зеленчук од Старо Нагоричане, денеска треба да достават мерења согласно елаборатите од животна средина, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина по вонредниот инспекциски надзор.
Инспекторатот изврши два вонредни надзори во двата субјекти, по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња под „Искрин мост“ кумановско и по реакцијата на граѓани дека во Пчиња кај Драгоманце општина Старо Нагоричане се испушта одредена течност која ја менува бојата на реката во виолетова.
– Станицата во моментот на надзорот беше во работен режим. По изјава на одговорното лице немале дефекти поради кои би била исклучена пречистителната станица. До среда треба да ги достават мерењата согласно одобрениот елаборатот за животна средина, објавија од инспекторатот.
Од инспекторатот наведуваат дека се земени примероци од угинатата риба кои ќе се дадени на државниот инспекторат за земјоделство за понатамошна анализа. Резултатите ќе бидат достапни за јавноста.
Државниот инспекторат за животна средина при надзорот на правниот субјект во општина Старо Нагоричане им издал усна наредба-забрана да испуштаат отпадни води. Фабриката, наведуваат од инспекторатот има рок до денеска да ја достави целокупната документација поврзана со животната средина до ДИЖС (елаборат, дозволи за зафат на вода и испуштање на отпадни води издадени од МЖСПП), по што ќе продолжи инспекциската постапка.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Стабилна состојбата во Старо Нагоричане, се чисти дрвната маса од Пчиња кај мостовите
Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Пожарникарите од Старо Нагоричане извлекоа две лица со автомобил заглавени во надојдената вода на Пчиња кај Стрновац
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:кумановкапчиња
Претходен напис Со Интервентниот фонд се проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство
Следен напис Николовски: Еден од приоритетите на МЗШВ е афирмација на локалните манифестации, оваа година со 5 милиони денари поддржуваме 47 локални настани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?