Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерство за економија: Трговскиот дефицит во делот на храната е најголем кај месото и месните производи, млекото и млечните производи и животинските и растителни масла
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерство за економија: Трговскиот дефицит во делот на храната е најголем кај месото и месните производи, млекото и млечните производи и животинските и растителни масла
Агровести

Министерство за економија: Трговскиот дефицит во делот на храната е најголем кај месото и месните производи, млекото и млечните производи и животинските и растителни масла

Објавено 03/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Министерството за економија потсетуваат дека за ублажување на ситуацијата со глобалната прехранбена криза согласно Законот за трговија досега беа преземени мерки на ограничување на цените, мерки за ограничување на трговската и профитната маржа во трговијата на големо и мало и мерки на забрана за извоз на одделни производи.

-Сите овие мерки се однесуваа на основните прехранбени производи. Најнови преземени мерки за ублажување на ситуацијата се: Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се определи највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи, Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со која се забрани извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со која се забрани извозот на огревно дрво, пелети, брикети и друго необработено дрво, како и Одлука за укинување на увозната давачка-царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење, велат од Министерството за економија.

Оттаму се осврнуваат и на надворешно трговската размена, но и нагласуваат дека во услови на недостиг на храна, не може да се доведеме во ситуација да нема од каде да увеземе.

-Статистичките податоци покажуваат дека сме нето увозници, но со оглед на географската структура на нашиот увоз кој претежно се врши од ЕУ, од земјите од регионот (ЦЕФТА), Турција, Украина и Обединетото Кралство со кои имаме склучено преференцијални договори за слободна трговија, во услови на недостиг на храна, не може да се доведеме во ситуација да нема од каде да увеземе. Доколку се погледне вкупната надворешно-трговска размена во делот на храна, ќе се види дека Република Северна Македонија е нето увозник при што увозот е двојно поголем од извозот. Трговскиот дефицит во делот на храната е најголем кај месото и месните производи, млекото и млечните производи и животинските и растителни масла. Суфицит се остварува само кај зеленчукот, овошјето и конзрвираниот зеленчук и овошје. Најголем увоз во делот на храна, повеќе од 50 отсто, се остварува од земјите на ЕУ. Потоа се земјите на ЦЕФТА, најмногу Србија, посочуваат од Министерството за економија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:масломлекоовошјетрговски дефицит
Претходен напис Николовски: Се соочуваме со тешка прехранбена криза, но граѓаните може да бидат спокојни, храна ќе имаме доволно за сите
Следен напис Со Интервентниот фонд се проектирани 250 милиони денари за растителното и сточарското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?