Килограм боровинки по саксија во првата берба на моментално најмодерната дигитализирана плантажа во срцето на Србија, во близина на манастирот Љубоштиња кај Трстеник.
Пред две години, во родното село Планиница, семејството Тошиќ во 3.200 саксии ја засадиле официјално најквалитетната сорта на боровинки во светот – холандскиот дјук. Инвестициите биле значајни, но и самите признаваат дека се пријатно изненадени од богатиот род.

Првата берба можевме да ја имаме минатата година, но решивме, сепак, врз основа на советите на експертите, да го спроведеме т.н. руски рез, за да се зајакнат билките – вели Љиљана Тошиќ, одгледувачката на боровинки.

-Позитивно сме изненадени од количината на родот, што, сепак, не е случајно. Инвестиравме многу во целиот систем – програма за полевање, противградни мрежи, „командна соба“, од каде компјутерски се регулираат сите настани на плантажата.
Семејството Тошиќ раскажуваат дека дека по расчистувањето на земјиштето им требало околу еден месец да ја инсталираат и оградат целосната линија за одгледување боровинки во саксии, да ја поврзат на компјутерите и артерискиот бунар, да ги постават сите столбови, мрежата и да ги засадат сите во саксии.

Претходно немале искуство со земјоделство. Две години пред боровинките, почнале да садат јаболка грени смит. Садниците од боровинки биле доставени од Холандија во мали саксии, биле пресадени во специјален супстрат и засадени на 80 ари. Секоја садница е во специјализирана саксија од по 50 литри. Во максималниот род, за две до три години, се очекува принос поголем од пет килограми по саксија. Тоа на сенејството би требало да му донесе најмалку 16.000 килограми боровинки.

„Во моментов цената на боровинките паѓа, но ние береме, па ќе видиме“, наведува Љиљана.
-Најголемата предност на овој вид садење е контролата. Компјутерот е поврзан со четири големи буриња во кои има вода, прихрана и други состојки. На уредот му се поставени параметри (динамика, време и времетраење на наводнувањето, прихраната, киселост на почвата).

„Саксиите се отпорни и на УВ зрачење“, објаснува Никола Тошиќ, синот на Љиљана. – Во иднина планиравме да земеме и ладилник и да изградиме погон за преработка на овошје.
Следен чекор во подобрувањето на ова дигитализирано производство на боровинки ќе биде онлајн поврзувањето на целиот систем, што ќе им помогне на Тошиќ да ги „полеваат“ саксиите, давајќи команда на апликација од мобилен телефон. Во пракса, тие ќе можат да го регулираат секое случување во саксијата со боровинки дури и кога се со километри подалеку од нивното село.

Извор: novosti.rs
