Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов проект на Агротим: Договорно производство на МАСЛОДАЈНА РЕПКА, еве ги сите потребни информации – набавка на семе, ѓубрива, производство, откуп и цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Нов проект на Агротим: Договорно производство на МАСЛОДАЈНА РЕПКА, еве ги сите потребни информации – набавка на семе, ѓубрива, производство, откуп и цена
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Нов проект на Агротим: Договорно производство на МАСЛОДАЈНА РЕПКА, еве ги сите потребни информации – набавка на семе, ѓубрива, производство, откуп и цена

Објавено 09/07/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Агротим, започнува нов проект Договорно производство на маслодајна репка.

Се работи за кампања во која земјоделските производители најнапред ќе се информираат за склучување на договорите, условите на производство, од каде да се набави квалитетно семе, какво ѓубриво и кои заштитни средства да се употребат до откуп на маслодајната репка.

Компанијатa „Кристал“ која е дел од проектот, веќе ја исполни квотата за откуп на маслодајна репка од 500 хектари. Му благодариме на соработката на директорот Горан Лазов.

Втората компанија која се вклучи во проектот е „Агрофила“ од Штип која нуди склучување на договори со земјоделските производители за откуп на маслодајната репка. Цената ќе биде позната во време на откуп, односно ќе се откупува по берзанска цена.

Во врска со семето кое ќе се употреби, тоа мора да биде квалитетно и да одговара на нашето поднебје и климатски услови. Фирмата „Прима груп од Свети Николе“, нуди сертифицирано семе на маслодајна репка од француски бренд. За карактеристиките и предностите на семето, земјоделските производители ќе се запознаат од експерти од Србија кои за оваа цел на 20 и 21 јули ќе бидат дојдени во Македонија. Планираме да одржиме ифо сесија на која ве покануваме сите заинтересирани да присуствувате. Ќе ве информираме кога и каде ќе се одржи сесијата.

Понатаму, за висок принос од маслодајната репка многу е важно ѓубривото, почвата треба да биде збогатена со органска материја, а растението да има добра прихрана. За таа цел соработуваме со фирмата „Биоаграр“ од Ресен кои нудат квалитетно ѓубриво по пристапни цени.

Што се однесува до откупот и цената тоа ќе биде регулирано уште со самото потпишување на договорите со Агрофила, а за таа цел ќе организираме и трибини на кои ќе можете лично да се информирате за сите аспекти на договорот.

За повеќе информации и вклучување во проектот пишете ни на [email protected] или на телефонскиот број 071 225-345.

Маслодајната репка се одгледува најчесто  како фуражна култура за добиточна храна. Таа созрева меѓу првите култури напролет и кога има доволно влага дава голема вегетативна маса. Маслодајната репка е многу добро медоносно растение, кое рано цвета напролет и служи како прва пчелна паша.

Маслодајната репка ако добро се вкорени до настапувањето на ниските температури, во сува почва може да издржи до – 15 степени Целзиусови, а под снежна покривка до – 25 степени. Во влажна почва може да измрзне на -7 до -10 степени.

За нејзин нормален развој, од големо значење е, да има доволно влага во почвата за време на сеидбата, а исто така и подоцна во фазата на вкоренување. Не поднесува високи подземни води, како и задржување на водата во почвата во текот на зимата и раната пролет, бидејќи така коренот гние.

Маслодајната репка најдобро успева на плодна и растресита почва. На помалку плодна почва успешно се одгледува само ако добро се ѓубри со органски и минерални ѓубрива. Не поднесува почви со кисела реакција, а најдобро успева на рН 6,6-7,6.

Маслодајната репка треба да се одгледува во плодоред. Не треба да се одгледува во монокултура, бидеќи на тој начин постои опасност од зголемување на штетните инсекти и болести. Најдобри предкултури, се раниот компир и раниот зеленчук.

Основната обработка на почвата се изведува на длабочина до 30 см, во зависност од типот на почвата. Со предсеидбената обработка површинскиот слој треба да биде максимално обезбеден со влага.

Оптималното ѓубрење на маслодајната репа е основен предуслов за добивање на високи приноси. Добро реагира на примена на органските и минералните ѓубрива. Во наши агреколошки услови маслодајната репка треба да се ѓубри со 120-160 кг/ха азот, 80-120 кг/ха фосфор и 140-180 кг/ха калиум.

Оптималниот рок за сеидба на маслодајната репа е крајот на август и почетокот на септември. Овој краток рок за сеидба треба да се испочитува заради развојот на растенијата до почетокот на зимата, односно до првите мразеви. На приносот негативно се одразува како прераната, така и предоцната сеидба.

Сеидбата се врши во редови, со житна сеалка на растојание од 25 см, а на длабочина од 1,5-2,5 см. Потребната количина на семе за сеидба зависи од сортата и се движи од 4-6 кг/ха и треба да се обезбеди склоп од 60-75 растенија на м2 .

Кај маслодајната репка може да дојде до појава на болести како што се: пламеница, темна дамкавост на лисјата, суво гниење, бело гниење и др. При нивна појава треба да се врши хемиско третирање на посевот.

Во одгледувањето на маслодајната репа моментот на жетвата има големо значење на висината и квалитетот на приносот. Жетвата се изведува со житни комбајни на кои треба да се направи адаптација за жетва на маслодајна репка. Зрее нерамномерно, а наполно созреаните плодови лесно пукаат и семето лесно се осипува. Кон жетва се пристапува штом посевот ќе ја промени бојата, а максималната влажност не е повисока од 11% за да може семето да се складира.

Приносите на зрно од маслодајната репка се движиат околу 2 – 3 тони од хектар, а може да се добијат максимални приноси од 5 тони/ хектар.

Семето од маслодајната репка содржи 38 – 47 % масло. Ова масло може да се користи во исхраната на човекот но поради својот непријатен мирис најпрво треба да се рафинира.

Маслото од оваа култура исто така се користи за изработка на меки сапуни, лекови, бои, нитроглицерин и друго, а во последно време се користи и за добивање на биогориво.

После вадењето на маслото , лушпите од маслодајната репка можат да се користат како добиточна храна.

Може да ви се допадне

Маслената репа – стратешка култура во современото одржливо земјоделство
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
АФПЗРР: Во тек е пријавување за Дополнителни директни плаќања за производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион
(ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“
Таг:агротимагрофиладоговорно производствокристалленчемаслодајна репка
Претходен напис Николовски: По 40 години, жителите на село Луке добиваат комплетно нов пат од 15 километри
Следен напис МЗШВ: Голем интерес кај земјоделците – Пристигнати 691 апликација за четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?