Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Голем интерес кај земјоделците – Пристигнати 691 апликација за четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Голем интерес кај земјоделците – Пристигнати 691 апликација за четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
АгровестиЈавни огласи и повици

МЗШВ: Голем интерес кај земјоделците – Пристигнати 691 апликација за четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Објавено 10/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е 4.294 хектари распределени во 31 регион низ државата.

Намената на овие четири јавни огласи е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

„Бележиме голем интерес кај земјоделците на сите мерки и огласи на МЗШВ. За таа цел, само преку распишаните седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства ставивме вкупно 13.785 хектари земјоделско земјиштe со површини до и над 3 хектари, со намена за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна“, информираат од МЗШВ.

Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари. Рокот за аплицирање истекува на 21 јули, а огласите се достапни на следните линкови.

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688 
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689 

Целта на Министерство е секоја слободна и обработлива педа земја да биде дадена на земјоделците и ставена во функција за производство на храна. Исто така, МЗШВ разгледува и модел како слободното приватно земјоделско земјиште кое не се обработува да биде ставено во функција за обработка и производство на храна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земаземјамзшвогласипрогнозсубвенции
Претходен напис Нов проект на Агротим: Договорно производство на МАСЛОДАЈНА РЕПКА, еве ги сите потребни информации – набавка на семе, ѓубрива, производство, откуп и цена
Следен напис Времето денеска сончево со мала облачност и умерен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?