Ако најдете гнездо на стршлени или оси во гаражата, таванот, поткровјето или кој било друг дел од куќата, никогаш не треба да ги допирате. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат во такви ситуации, пишува MrWasp.
Не ги вознемирувајте инсектите
Најлошото нешто што можете да го направите е да го прободите гнездото, да фрлате работи по него или да се обидете сами да го преместите. Без разлика колку е големо гнездото, може да ве доведе во голема опасност, а може да им наштети и на инсектите.
Наместо тоа, внимателно оддалечете се од гнездото и вратете се на безбедно место. Во повеќето случаи, осите и стршлените ќе е ве боцнат само ако се чувствуваат загрозени, но секогаш е најдобро да сте на безбедно растојание.
Откако сте го пронашле гнездото, не треба да се враќате на тоа место бидејќи постои ризик од убод. Малите деца треба да се држат подалеку од областа, како и домашните миленици како кучиња и мачки.
Ако инсектите боцнат деца или домашни миленици, веднаш повикајте брза помош ако симптомите прераснат во алергиска реакција.
Повикајте експерти
Ако најдете гнездо од стршлени или оси во вашиот дом, најдобро е веднаш да повикате експерти. Стручната служба точно ќе знае што треба данаправи за хумано да се отстранат инсектите, да се заштитат и да се спречи нивното враќање.
