Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за набавка на ТРАКТОРИ – аплицирањето е во тек!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Услови и потребна документација за набавка на ТРАКТОРИ – аплицирањето е во тек!
АгровестиЈавни огласи и повициСубвенцииФондови

Услови и потребна документација за набавка на ТРАКТОРИ – аплицирањето е во тек!

Објавено 26/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почнувајќи од 20 април, па се до 20 мај трае рокот за аплицирање за користење на средствата наменети за набавка на трактори – Мерка 121.4, предвидени со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, кои во претходните пет години не биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и преку Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за оваа мерка изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

1.Понуда/про фактура со потпис и печат оригинал, при увоз на стока странската понуда да биде проследена со превод од овластен судски преведувач (задолжителен документ).

2.Деловен план изготвен согласно примерот за изготвување на деловен план (задолжителен документ),

3.Изјава за користење на средства по претходно објавени повици за набавка на трактори за претходните 5 години од ИПАРД Програмата и Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година (оригинал, своерачно потпишана од страна на барателот и заверена на нотар (задолжителен документ)

4. Решение за тековна состојба за упис во ЕРЗС со пријавени производствени капацитети (задолжителен документ)

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун. Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 20.05.2022 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:документијавен повиктракториуслови
Претходен напис Бела јагода – „Белиот скапоцен камен“ се продава и за 20 долари парче
Следен напис Еве каква опрема можете да набавите преку мерката Рурална жена: Финансиската поддршка е 6000 евра!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?