Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево

Објавено 06/12/2019
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за тоа колкав е интересот кај жените во руралните средини за искористувaње на средствата од мерката 115 „Активен женски член на земјоделско домаќинство“ Агротим беше во домот на четириесет годишната Мирјана Митровска од село Добрушево, Општина Могила .

Насмеана и расположена, со неизбежното кафе за добредојде, не пречека Мирјана.

Секако тука е и нејзиниот сопруг Никола кој гордо ни ја покажа куќата и дел од имотот што го наследил од својот татко и дедо.

–Штета што е зима , треба да дојдете на пролет па да видите што се има на нашите ниви. Сега се е собрано, продадено и преработено – вели Никола.

Соработката на ова семејство со  Агенцијата поттикнување на земјоделството и руралниот развој е навистина на завидно ниво. Така и за овој повик „Рурална жена“  дознале токму од вработените во оваа агенција, поточно од советникот Андреа Соколовски кој им ги кажал предностите на мерката, намената и условите.

Веднаш препознале шанса  токму за Мирјана бидејќи таа е е носител на нивното земјоделско стопанство ИЗ ЈУРУК –НМ Мирјана Митровска, кое го основале пред 2 години со помош на кредит за самовработување од Агенцијата за вработување.

-Кредитот требаше да го вратам за 5 години. Еве поминаа само две, а јас сега ќе ја исплатам последната рата – гордо раскажува Мирјана.

Ова семејство веќе 20 години се занимава со земјоделство. Мирјана по потекло е од Крушево и на 20 години се омажила за Никола и дошла да живее во село Добрушево. Никогаш дотогаш не се занимавала со земјоделство. Но со Никола решиле да продолжат да ги обработуваат нивите  како што тоа  го правеле родителите на Никола. Покрај тоа што научила речиси сѐ за земјоделското производство, таа уредно се грижи и за целокупната документација, давачки, даноци и сл. Денес имаат 8 хектари обработливо земјиште на кое одгледуваат тутун, пченица, јачмен, пченка, пиперки и други градинарски култури.

За мерката „Рурална жена“ ќе аплицираат за да можат да ја зголемат вредноста на своите градинарски производи, односно да можат да ги преработуваат и да ги складираат па да ги продаваат со подобра цена.

,, Имаме многу пиперки, оваа година собравме 18 тони пиперки и тоа само од 4 декари земја. Нашите пиперки се навистина квалитетни, пред се затоа што никогаш не ги прскаме со хемикалии. Лугето ги бараат, знаат што произведуваме.  Пред сѐ тоа го правиме за себе, затоа што тоа е храна и за нашите деца. Она што го продаваме  го користиме и за нас – вели Мирјана.

Нивните планови се да го прошират своето земјоделско стопанство. Велат дека прават вкусен ајвар. Само за свои потреби оваа година направиле 60 тегли домашен ајвар.  Сакаат да започнат да прават уште поголеми количини па и да го продааат. Да го пакуваат во стаклени тегли, со сопствени етикети на нив, и да го понудат на пазарот.

Сумата од 3000 евра  имаат план да ја искористат за купување  на машини за преработка на зеленчук поточно за сечкање, мелење, преса за затворање, етикетар и сл.за кои веќе побарале потребна документација и понуда од нивиот долгогодишен соработник ХЕМОМЕТАЛ од Битола.  Понатаму сакаат да набават и ладилник за пиперките.

,,Сумата не е голема но доволна е да започнеме нешто со што ќе го унапредиме нашето земјоделско производство. Прво да почнеме па потоа ќе се надградуваме . Таква е оваа наша работа бара трпение и многи труд – вели Никола.

Мирјана и Никола имаат три деца ,Андреј (14), Стефан(16) и Ангела (20). Тие се нивните главни помошници во извршувањето на земјоделските работи. Секако се надеваат дека еден ден ќе продолжат да го развиваат овој  семеен бизнис.

Годинава Мирјана Митровка го доби признанието за најуспешна рурална жена за 2021 година од Земјоделското здружение „Современо земјоделство“.

Може да ви се допадне

АПРЗ во Битола одржа Национална работилница за обука „Зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени во земјоделството“
Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
Таг:3000 евраапрзгрантжена руралнапредлог бизнис
Претходен напис Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделското производство
Следен напис Подрачните на МЗШВ ја одработија „Зелената нафта“ – ПЕ Крива Паланка со картичките пред врата на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?