Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделското производство
Агровести

Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделското производство

Последна измена: 06/12/2019 19:34
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Подобрување на продуктивноста на земјоделското производство, отпорноста кон климатските промени, како и креирање на информирани земјоделски политики е сега полесно благодарение на воспоставувањето на национални агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем.

Ова беше главната цел на двогодишниот проект на ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), чии резултати се презентираат денеска во Скопје. Претставници на клучните министерства, национални агенции, земјоделски здруженија, академијата, граѓански организации, меѓународни партнери и медиуми беа дел од настанот за да дознаат за првото агро-еколошко зонирање во земјата и придобивките за земјоделците и креаторите на политики.

Иако е еден од најзначајните економски сектори во земјата, земјоделството се одликува со помала продуктивност во однос на просекот во Европската унија. Климатската варијабилност, особено раните мразови, сушата и поплавите, предизвикуваат сериозни штети на земјоделското производство и влијаат негативно на животот во руралните средини и достапноста на храната. Како земја кандидат за членство во Европската унија, Република Северна Македонија треба да го усогласи креирањето и спроведувањето на земјоделската политика со ЕУ стандардите, вклучително и услогласување на мерките за директна поддршка со националните и целите на Европската унија.

За решавање на овие прашања, ФАО работеше со МЗШВ, други институции и академијата, на развој на најсовремен информативен и аналитички систем, како и на човечки капацитети, според методологијата на ФАО за агро-еколошко зонирање. Тоа вклучува проценка на земјишните ресурси, заснована на почвени, теренски и климатски карактеристики, и давање приказ на производните и економските капацитети на над десет (10) земјоделски култури низ различни географски региони во земјата.

Сето ова сега е јавно достапно на новата веб страница www.agroekologija.mk. На истата, експерти, креатори на политики, земјоделци и компании ќе можат да најдат информации за карактеристики на земјиштето, како што се квалитет на почва и топографија, климатски услови, употреба на земјоделското земјиште, принос и профитабилност, за да формулираат оптимални политики за одржливо земјоделско производство по региони. Карактеристиките на земјиштето можат дополнително да се проценуваат за да се одреди производниот потенцијал со цел давање препораки за „што“ треба да се одгледува и „каде“.

„Република Северна Македонија иако има мала површина се карактеризира со многу хетерогени почвено – климатски услови. Земјоделските производители и потенцијалните инвеститори честопати немаат информации и индикатори за тоа кои култури, сорти и семиња најдобро успеваат во дадените производни реони. Еден од главните предуслови за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот, е обезбедување на правилни информации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти по производни региони во државата” истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на отворањето на работилницата. Тој додаде дека првата база на податоци и веб-платформа која содржи најнови агро-еколошки податоци и мапи за Република Северна Македонија е клучен производ што подобро ќе ги информира земјоделските политики на национално ниво, ќе помогне да се намалат погрешните инвестиции и ќе послужи за одредување идни насоки во кој правец треба да се адаптира нашето земјоделство во однос на климатските промени”.

„Агро-еколошките зони специфични за земјоделските култури, почвите и климатските услови претставуваат корисна проценка на земјоделскиот потенцијал на земјата во поглед на продуктивноста и пазарната конкурентност. Истите обезбедуваат алатка за регионално и еколошко одржливо развојно планирање за одржливи системи за храна“, истакна Фанг Ченг, економист на ФАО. Тој додаде дека „Северна Македонија е првата земја од Балканот која почнува да спроведува агро-еколошка проценка, што е континуитет на заедничките напори на ФАО и Владата за подобрување на мониторинг во земјоделството и планирањето на употреба на земјиштето, како и унапредување на производните системи и националните политики засновани на модерни технологии”.

Ченг изрази надеж за континуирана соработка во иднина. Тој додаде дека „агро-еколошкотото зонирање отвора можности за модернизирање на креирањето на политиките за храна и земјоделство во земјата, како прв чекор кон воспоставување на современ и сеопфатен информативен систем за производство на храна и за агро-екологија во земјата“.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд за управувањето со шумски пожари и зголемена климатска отпорност
Таг:агрокологјавладамониторингсистемфао
Претходен напис Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството
Следен напис Пример за успешна рурална жена – Мирјана Митровска од село Добрушево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?