„Иванов Винарија“ е мала семејна винаријал оцирана е во Кавадарци. Орданчо Иванов е трета генерација производител на вино во семејството, а во интервјуто за Иновативност.мк откри дека прави четири видови вино, чиј вкус сака да го сподели со што поголем број клиенти. Раскажува дека во оваа авантура влегол за да ги усоврши вината кои со генерации се правеле во неговиот дом, но и да експериментира со различни сорти и да создава нови вкусови.

-„Иванов Винарија“ е мала, семејна винарија од Кавадарци. Регистрирани сме три години, но јас со винарство се занимавам повеќе од 20 години и ја продолжувам традицијата на татко ми и дедо ми кои уште одамна правеа вино. Всушност, желбата да го усовршам стилот на правење вино наследен од дедо ми и татко ми ме втурнаа во оваа убава авантура – вели Иванов.

Винаријата во моментов произведува четири различни вина.
-Тоа се „Темјаника“, „Куве Бело“, кое е купажа од сортите темјаника, смедеревка и малвазија, „Розе“ од станушина и „Куве Црвено“ кое е исто така купажа која е стилски уникатна – моќниот вранец е омекнат и разигран од белата малвазија. Горд сум на нашата „Темјаника“, со која винаријата и јас како производител сме доста познати меѓу љубителите на вино. Особено сум горд и на нашето „Розе Станушина“ кое беше наградено со бронзен медал на BIWC 2021 натпреварот кој беше одржан во Скопје. Тоа е нашето прво наградено вино, а наградата ни е од големо значење бидејќи ни помогна да стигнеме до поширок круг на потенцијални потрошувачи, а воедно и до зголемена продажба на сите други наши вина. Фактот дека беше препознаен нашиот квалитет и посветеноста која ја вложуваме во производството ни е дополнителен поттик да продолжиме понатаму со производство на квалитетно вино. Се надевам дека ќе редиме уште успеси во иднина – вели Иванов.

Прозиведуваат околу десет тони вино, но како што открива Иванов, размислуваат за намалување на количината со цел да се фокусираат на квалитетот и изборот на повеќе видови на вино.
-Она што сакаме да го покажеме со една голтка вино од „Иванов Винарија“ пред сè, е страста со кое е направено. Вниманието кое го посветуваме на деталите, малите количини кои ги произведуваме за да добиеме врвен квалитет, минималната интервенција во лозјето и во винаријата, како и постојаниот квалитет со конкурентна цена, нè прават доста интересни за нашите потрошувачи. Следејќи ги трендовите на светско ниво, зголемените трошоци на вештачки ѓубрива и најмногу за грижата и заштитата на околината, размислувам да почнам со органско производство кое во иднина би го унапредил во биодинамичко производство со кое се почитува космичката енергија и природниот ритам на почвата и растенијата. Ова е многу интересен пристап, навидум и застрашувачки, но е мојот предизвик што ме тера да напредувам како индивидуа и како производител – открива Иванов.


Целото интервју може да го прочитате на ИНОВАТИВНОСТ.МК

Ciao Ordancho, ci siamo conosciuti allo Slow wine di Bologna, in Italia, dove io e la mia amica Alessia, siamo venuti nel tuo stand, come Sommelier, a far degustare i tuoi vini. Purtroppo non abbiamo avuto molto tempo per poter parlare, ma volevo dirti che ho apprezzato i tuoi vini e mi farebbe piacere acquistarli. Mi fai sapere se possibile?
Grazie Paola