Забраната за употреба на синтетички хербициди во органските овоштарници неминовно бара поголем ангажман на сезонска работна сила, која сè потешко се наоѓа, рачното копање значително ги зголемува трошоците за производство, забележува Мирјана Петровиќ, експерт за заштита на растенијата во Стручната служба за земјоделство во Лесковац за Агроклуб.
Освен со веќе познатите, справувањето со плевелите може да се реши и на посовремени начини.
-со користење на алелопатски растенија кои лачат една или повеќе биохемикалии од цветот, стеблото, лисјата и корените при што го инхибираат растот, развојот и репродукцијата на другите растенија. На пример, коренските секрети на ‘ржта го инхибираат растот на ајдучката трева и камилицата;
-редовно одржување на чистотата на земјоделските машини и алати, особено пред влегувањето во овоштарникот, за семето на плевелот залепено за тркалата на тракторот да не стигне до овоштарниците;
-превртување на почвата, орање, бидејќи најголемиот дел од семето на популацијата на плевелите се наоѓа во почвениот слој во првите три сантиметри, на тој начин се превртува површинскиот слој на почвата, семето достигнува во подлабоките слоеви и не може да никне;
-понова техника е термичка контрола на плевелот со спалување;
-употреба на органски хербициди како што се градинарски оцет, јаболков оцет, солена вода, сол …;
-употреба на мулч фолија за покривање на почвата, кои се биоразградливи.
Превентивното делување на појавата на плевелот се постигнува преку два дела. Првиот дел, преку конкуренција за светлина, храна и влага во почвата за време на циклусот на раст на покривната култура, а вториот дел преку физичко-хемиските влијанија кои се јавуваат кога остатоците од покривните култури остануваат на површината на почвата или се заоруваат.
