Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Зошто е важен плодоредот во поледелството и кои се основните правила што треба да се почитуваат?


Плодоредот претставува план за искористување на вегетациската средина (почвата), со одгледување на растенија со одреден редослед, како по време така и по простор. По пат на плодоредот, вегетациската средина, надворешните фактори кои ја сочинуваат таа средина се користат подобро, зашто со менување на културите се користат биолошките разлики меѓу одделни групи на култури. Не може да има плодоред ако во него културите не се менуваат по време и простор. Секој плодоред мора да опфаќа барем два елементи, без кои не е плодоред а тие се: -плодосмена и -полесмена.

Плодосмената е менување на културите по време, а полесмената е менување по простор. Од ова произлегува дека плодоредот мора да е комбиниран од плодосмена и полесмена, каде менувањето на културите оди како по време така и по простор. Времето низ кое една култура од плодоредот ги поминува сите парцели се вика ротација. По правило една ротација трае толкав период колку што е бројот на културите.

Уште поодамна со искуство е видено дека, ако една иста култура повеќе години се одгледува на исто место (монокултура) приносот опаѓа. Причини при одгледувањето во монокултура при што доаѓа до опаѓање на приносот има повеќе. Најчесто се смета дека една од примарните причини е таа што една иста култура ако се одгледува на стално место се јавува штетно влијание на материите што ги лачи коренот од таа култура. Тие материи од една култура имаат негативно или штетно влијание на самата култура во наредната година.

Друга причина е што секоја култура различно влијае на:

-структурата на почвата,
-осиромашување на почвата со органска материја,
-различно користење на минералните елементи,
-различен однос во користење на влага како
-зголемена појава на болести, штетници и плевели.

Структурата на почвата и збогатувањето на почвата со органски материи познато е дека некои култури влијаат на расипување на структурата , а други имаат способност да ја подобруваат. Со менување на културите како биолошко средство без други мерки може да се одржува плодноста на почвата. Доколку се одгледуваат во монокултура заради еднострано користење на хранливите материи постои опасност, постепено доаѓа до осиромашување на почвата во некои елемнти, додека со плодоредот заради разликите во користењето на хранливите елементи се одржува рамнотежа на минералните материи во почвата.

Потребата на растенијата за вода како причина за менување на културите, оправдана е само во аридните и семиаридните услови. Резервите на вода во почвата после жетвата на предкултурата особено се важни за озимите посеви, бидејќи влажноста на почвата влијае на квалитетот на обработката на почвата и никнењето. Големи потрошувачи на вода се касните предкултури, кои ја црпат скоро цела количина на достапна вода.
Значаен фактор на кој влијае плодоредот е заплевеноста. Монокултурата редовно носи интензивно заплевување. Тоа доаѓа од таму што плевелите со одредена култура прават растителна заедница, каде повеќето видови плевели се специјализирани за таа група на култури. Пример одредена група плевели е специјализирана за житни култури и тие својот развој го имаат прилагодено кон развојот на житата. Тие никнуваат наесен или напролет, а развојот го завршуваат кога зреат житните култури. Ако житната култура се одгледува повеќе години на исто место, нема биолошки фактори што ќе го редуцираат поинтензивното јавување на овие плевели. Кај окопните култури во пролет доминираат плевелите кои никнуваат касно напролет и нивниот развој до есен. Ако постои смена на културите, плевелите од претходната култура не опстојуваат во окопните, затоа што никнуваат во есен или напролет и се уништуваат со обработката. Со често враќање на ист посев на исто поле, почвата се збогатува со специјални микроорганизми од кои многу се патогени и предизвикуваат појава таканаречена плодородни болести. Тука најчесто се работи за познати растителни болести како што се болестите на долниот дел на стеблото, нематодите и др., чија појава секогаш може да се поврзе со погрешната смена на културите.

Основните правила во плодоредот се:

-Културите со длабок коренов ситем треба да се одгледуваат после оние со плиток, за да се одржи добра структура,

-Да се менуваат културите кои произведуваат мала и голема биомаса на корен,

-Менување на културите кои го фиксираат азотот од атмосферата, со оние кои го трошат,

-Да се менуваат лиснатите и коренастите култури со житаркиа, за да се намали заплевеноста на посевот,

-Доколку постои опасност од зараза на одредени растителни болести или штетници, треба да се избегнува сеидба на култури кои се осетливи на нив. Овде треба да се почитува правилото за минимален број на години по кои некоја култура може повторно да дојде на исто место.

При составувањето на плодоредот треба да се има предвид толеранцијата на културата за повторно одгледување на исто место. Меѓу културите кои имаат поголема толеранција на повторно одгледување на исто место се: пченката, оризот, ржта, компирот и други.

Нетолерантни се шеќерната и добиточната репка бидеќи се шират болести и штетници, како и црвената детелина, луцерката, грашок, граор, сончоглед. Покрај овој принцип има правило за културите во плодоредот.
По повеќегодишните легуминозни култури кои ја богатат почвата со азот, ја подобруваат структурата, по правило треба да дојдат култури кои бараат висока плодност како што е пченката, но не се препорачуваат житни култури затоа што полегнуваат. Треба да се менуваат житните култури со окопните но не се препорачува одгледување жито по жито или окопна по окопна.

M-р Цветан Јовановски, АПРЗ

Фев 20, 2023agrotim3
Пестицидите во ЕУ: Сакаат да ги намалат до 80 отсто и да ги оданочатКако да се ослободите од плевелите во органските овоштарници?

Напишете коментар Откажи одговор

20/02/2023 Растително производствоплпдпред192

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019