Органското земјоделско производство во Србија е сѐ повеќе застапено и сѐ поголем е интересот на производителите да го започнат, за што говори и зголемувањето на нивниот број и површините под овој вид производство. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, моментално во Србија има 21.000 хектар под ова производство и има близу 7.000 производители. Во последните години е забележан добар тренд на раст на површините, бројот на производители, но и извозот на органски производи кои имаат стабилен пазар и повисоки цени во однос на конвенционалните земјоделски производи, па затоа на органските производители им одговара да се занимаваат со овој вид на производството.
„Србија има нулта толеранција за производство и трговија со ГМО производи и го реализира својот потенцијал преку производство на органска храна“, вели српскиот министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.
Тој оцени дека органското производство е простор за развој на Србија.
„Органското производство е сектор со најголем раст на извозот во претходната година – 94 проценти. Пред осум години нашиот извоз во тој сектор беше четири милиони долари, а сега е 65 милиони долари.“, рече Недимовиќ.
Наведе дека Министерството неодамна ги поедноставило процедурите за претворање од конвенционално во органско производство.
Како што рече, за две години извозот на органска храна од Србија е зголемен за 93 отсто, а сега Србија извезува во вредност од 65 милиони долари.
Најголем извозен пазар е Германија со 31 процент, а потоа следат САД со 13,1 процент.
Ресорното Министерство за земјоделство на Србија преку различни програми дава сериозни стимулации за овој вид производство. Буџетот за субвенции за органско производство за 2022 година ќе биде 380 милиони динари, што е најголемиот буџет досега издвоен за овој вид производство, пренесува Bolja zemlja.
