Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Компанијата „ЗОРАЛЕК“, идеален пример за семеен бизнис: Двајца браќа, 1.500 пчелни семејства, органски мед, извоз во Саудиска Арабија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Компанијата „ЗОРАЛЕК“, идеален пример за семеен бизнис: Двајца браќа, 1.500 пчелни семејства, органски мед, извоз во Саудиска Арабија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВООрганско производство

(ВИДЕО) Компанијата „ЗОРАЛЕК“, идеален пример за семеен бизнис: Двајца браќа, 1.500 пчелни семејства, органски мед, извоз во Саудиска Арабија

Објавено 29/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Александар Маринковиќ е млад земјоделец, пчелар, и косопственик на претпријатието кое се занимава со производство на мед и пчелни производи – „Зоралек“ во Градско.

Заедно со неговиот брат Александар од 2015 година се официјални сопственици на компанијата „Зоралек“ која нивните родители ја основале во 2005 година. Нивната основна дејност е производство на органски мед и органски пчелни производи. Имаат 1.500 пчелни семејства и во Македонија се едни од најголемите производители на мед. Покрај сопственото производство, вршат откуп и на мед од други пчелари, а исто така нудат и опрема за пчеларство, како и едукација на земјоделците.

-Нашата компанија се вика „Зоралек“ и е основана во 2005 година од страна на нашите татко и мајка, кои во 2015 година ни го припишаа сопствеништвото мене и на мојот брат. Како компанија имаме околу 1.500 пчелни семејства и во Македонија сме едни од најголемите производители на мед. Нашето производство е со органски сертификација, произведуваме органски мед и органски пчелни производи – вели Александар.

Преку мерката „Млад земјоделец“ како компанија набавиле опрема за етикетирање на медот и опрема за производство на медот што им овозможува да откупат поголема количина мед и други пчелни производи и да одговорат на барањата на Агенцијата за храна и ветеринарство кои ги пропишува за производство на храна од животинско потекло.

-Со мерката „Млад земјоделец“ добивме грант до 20.000 евра. Мерката ја поздравувам, се надевам дека Владата и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе овозможат уште многу вакви мерки каде што малите производители кои веќе имаат некаква основна опрема за производство ќе можат да набават дополнителна опрема. Ние набавивме опрема за етикетирање и со тоа овозможивме нашиот производ да го брендираме и моментално фокусот ни е за извоз на нашите производи и се трудиме да ја прошириме нашата продажба на странските пазари.

За да се издвоиме на пазарот од останатите производители на мед и пчелни производи, со брат ми одлучивме да основаме уште една компанија која ни е во партнерство со уште двајца браќа, кои работат во сопствена маркетинг агенција, и ни овозможија да дизајнираме нови етикети за медот, со што може да се издвоиме од останатите медови на полиците во маркетите. Направивме и прва електронска продавница за мед во нашата земја. Преку електронската продавница овозможивме да достигнеме преговори со потенцијален купувач од Саудиска Арабија, кој беше доста заинтересиран за нашите производи и со тоа остваривме извоз во Саудиска Арабија – вели Александар.

Може да ви се допадне

Јадете го слободно: Цветот од багрем и храни и лекува
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Во Градско трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Таг:АлександарГрадскозоралекизвозмед
Претходен напис Набавка на системи за наводнување и ископ на бунари – Прочитајте, кој може да биде корисник и кои се усовите за учество на јавниот повик
Следен напис (ВИДЕО) Трајан Димковски: Ја завршуваме 2021 година со рекордни 203,5 милиони евра инвестирани директно во земјоделскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?