Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од денеска задолжително поседување на зимска опрема во возилата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од денеска задолжително поседување на зимска опрема во возилата
Агровести

Од денеска задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Објавено 15/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска, па до 15 март е задолжително поседувањето пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи.

Согласно Правилникот, како што информира Министерството за внатрешни работи, како дел од зимската опрема на моторните возила со најголема дозволена маса што не надминува 3500 килограми возачите треба да поседуваат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина, со минимум од најмалку четири милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Под зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4×4) се подразбира зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина со минимум од најмалку четири милиметри. Ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3500 килограми се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и ширина со минимум четири милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, „M+S”, „M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зимска опрема
Претходен напис Времето денеска облачно со слаб ветер
Следен напис Се одржа првиот „Фестивал на зелката“ во делчевското село Тработивиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?