Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде умерено до значително облачно со поголема облачност во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 5 степени, а максималните од 11 до 18 степени.
Во следните денови во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.

