Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Балески: Преку проектот „Договорно производство на органска пиперка“- одлична соработка со земјоделците и органски ајвар „MAMA’S“со премиум квалитет, за најпребирливите светски пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Балески: Преку проектот „Договорно производство на органска пиперка“- одлична соработка со земјоделците и органски ајвар „MAMA’S“со премиум квалитет, за најпребирливите светски пазари
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Балески: Преку проектот „Договорно производство на органска пиперка“- одлична соработка со земјоделците и органски ајвар „MAMA’S“со премиум квалитет, за најпребирливите светски пазари

Објавено 08/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот „Договорно производство на органска пиперка“ на Агротим, финишира со добивањето на првите тегли органски ајвар „MAMA’S“.

Започнавме со потпишување на договорите, одгледувањето на пиперките, бербата и финалниот производ – органскиот ајвар.

Пиперките од земјоделците кои имаа склучено договор со „Тргопродукт“ беа предадени и навреме им се платија, согласно договорот. Задоволни и земјоделците и преработувачите, а најмногу тимот кој го работеше проектот поради успешноста на една визија. Од семе до повисок степен на финализација.

Годинава разговаравме со повеќе преработувачи, но само „Тргопродукт“ веднаш го препозна проектот како перспективен. За 2022 година очекувам да се вклучат и други преработувачи и да им помогнат на земјоделците, а тие да си оставарат екстра профит.

Изјавата на Кристијан Балески, бренд-менаџер во „Тргопродукт“ за нивното искуство како активни учесници во проектот „Договорно производство на органска пиперка“ погледнете ја во видеото во продолжение:

„Брендот `MAMA’S` постои веќе 11-та година и сакавме оваа година да направиме некој исчекор, проширување на нашето портфолио. Органското како еден сегмент од премиум продукти излезе точно смислено дека ни треба еден таков продукт за да го прошириме нашето портфолио. Од страна на нашите странски партнери имавме побарување за органски производи, претходните години пробавме да направиме напори некој да посади, па да се направат органски ингредиенти, пиперки и зејтин. Зејтинот може и да се купи, но пиперките мора да бидат локални, од Македонија. Затоа проектот за Договорно производство на органска пиперка излезе во вистинскиот момент кога сакавме да го прошириме нашето портфолио и да одговориме на барањата на нашите странски купувачи.

11 години сме извосно ориентирана компанија којашто прави традиционални продукти. Брендот „MAMA’S“ е збир на традиционални продукти што се направени по рецептури од нашите мајки и се извезуваат во околу 50-на земји.

Најбитно е што во ајварот „MAMA’S“ има само четири ингредиенти, значи пиперка, модар патлиџан, морска сол и сончогледово масло, и тоа нѐ прави поразлични од сите други.

За да се направи еден премиум продукт, значи треба да влеземе во органското производство, каде што се бараат сертифицирани пиперки без употреба на пестициди и на тој начин да отидеме уште една скала напред во премиум производството на ајварот.

Искуството со земјоделците беше позитивно, сѐ што беше договорено беше испорачано, немавме никакви проблеми, анализи беа направени на сите продукти, сертификати за органско имаа сите кои донесоа пиперки кај нас. Минатата недела почна производството на органски ајвар кај нас. Органскиот ајвар што го произведовме со договорното производство оваа година ќе заврши на пазарите во Швајцарија, Германија и Франција. Тие се најпребирливите пазари во однос на храна и затоа бараа органски производ. Во идните години ќе го развиваме и ќе го шириме производството низ целиот свет.

Секако дека ќе се вклучиме во договорното производство и наредните години. Оваа година ни беше проблематичен зејтинот, бидејќи во Македонија нема производство на органски зејтин и се надевам дека некоја од компаниите ќе направи органски зејтин.

Задоволни сме од земјоделците кои ги предадоа органските пиперки кај нас. Цената беше однапред договорена, бидејќи тие луѓе имаа дополнителни инвестиции во органското, да направат конверзија, да произведат органски пипер, кој е потешко да се произведе од конвенционалниот, па така и ние како компанија си ја испочитувавме договорената цена и договорите што ги склучивме и сето тоа е веќе завршено за оваа годин“, рече Балески.

Годинава стартуваше проектот „Договорно производство на органска пиперка ајварка“ на иницијатива на Агротим, а во соработка со преработувачки капацитети, советничката за органско производство, Ангела Ѓеровска, и земјоделски производители од неколку региони.

Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

Може да ви се допадне

Намаз од модар патлиџан и пиперка
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Николоски објави видео од експресниот пат Градско – Дреново (Прилеп), цела Пелагонија се поблиску до Скопје
(ВИДЕО) СИНПЕКС: AGRINA Ѓубрерастурач на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА!
Таг:Балескивидеомамаспиперкасветски пазари
Претходен напис Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата
Следен напис Подгответе го возилото за возење во зимски услови! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?