Со планот за ископ на јаглен, домашното производство на електрична енергија во целост ќе ги задоволи потребите на домаќинствата, а увозот се прави со цел да се обезбедат дополнителни количини, објаснува за „Слободен печат“ директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.
– Договорот со Универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ го исполнуваме во целост. Целта е да се набават дополнителни количини јаглен за дополнително производство на електрична енергија, откако незјината цена на берзите се зголеми и 3 пати повеќе во однос на ланската цена. Домаќинствата набавуваа струја од „ЕВН хоум“, а компаниите од снабдувач по избор, кој пак купува струја од надвор. ЕСМ му ја продава струјата на ЕВН хоум по ниска цена во однос на онаа на отворениот пазар и така се штити стандардот на граѓаните – вели Ковачевски.
За една година цената на електричната енергија на берзата се зголемила од 56 евра за мегават час на цена што се движи меѓу 140 и 170 евра за мегават, а имаше денови и кога достигна 200 евра. Ако ЕСМ не успее да набави јаглен за дополнителна работа на РЕК Битопа, тоа би значело удар врз компаниите, но индиректно и врз домаќинствата кои преку производите би ја платиле значително поскапената струја на отворениот пазар.
Директорот Ковачевски вели дека при набавка на јаглен законот дава можност за набавка и со преддоговарање, односно да се оди и да се разговара во некој рудник за јаглен.
-Ние правиме транспарентна постапка за да добиеме повеќе понуди и пониски цени – објаснува Ковачевски.
ЕСМ спроведе тендер за набавка на 1,2 милиони тони јаглен. За ТЕЦ „Осломеј“ се бараа 300.000 тони и во првата фаза е утврдено дека понудите ги исполнуваат барањата. За РЕК Битола е помудена многу мала количина во однос на бараните 900.000 тони јаглен.
Извор: Слободен печат
