Младиот Миша Анѓелковиќ од селото Обреновац, може да се нарече легенда на пиротската област, бидејќи внимавајќи на стадото овци, успеал да заврши факултет, да магистрира и да го положи завршниот испит за кустос.
„Ги пуштам да пасат и си ја земам книгата. Прво со нив подготвував испити, потоа магистратура, па стручен испит за кустос, а сега сум навикнат да носам книга со мене и да читам на планината – вели Миша Анѓелковиќ.
Со растот на стадото, кое прво имало пет овци, растела и желбата на Мишо за образование.

Големата љубов кон Југославија и заветот на дедо му Љубомир, резултирал со магистратура со просек 10, а желбата да истражува делови од историјата кои се под превезот на тајната, ги оправдува темите што ги проучува и денес. Кога одлучил да се запише на факултет, таткото на Миша работел за плата од 30.000 динари, па било јасно дека Миша ќе мора да стане овчар.
–Го имам Миша, златен син, кого секој родител би го посакал. Магистер и овчар, заврши факултет со овците, магистрираше со овците и тој е гордост на селово.
Дете кое секој родител сака да го има, не пие, не пуши и најмногу сака да чита книги. Мислам дека тој е единствен во областа, бидејќи има библиотека со преку 3.000 книги и секоја недела, со овците, чита по една книга – вели гордо неговиот татко Стојан.

Бидејќи во селото има само еден врсник со кој може да се дружи, а нема девојки, Миша го користи слободното време за да воведе иновации и да го унапреди овчарскиот живот.
–Ни требаше видео надзор, бидејќи кога овците почнуваат да се објагнуваат, важно е да го видиме целиот тој дел од шталата, каде што мора да ги одвоиме оние овци што треба да се јагнат. Многу е полесно вака, на камера, да се видат тие 5-6 или 10 кои треба да се објагнат за 5-6 дена, отколку да се оди таму на секој час – вели Миша.
Миша ја спореди работата во музејот со овчарството и ги откри опасностите кои демнат.

–Потешко е да се биде овчар, бидејќи кога станува збор за работа во музејот, имате слободни денови и работно време, а во селото работното време ви е од утро до мрак.
Открива дека сака да докторира, како и да стане најдобар историчар во Србија.
–Фактот дека би добил работа по струка, не значи дека би ги оставил овците. Мене воопшто не ме интересира заминувањето во странство, ниту за пари, ниту за нешто друго. Ја сакам оваа земја и сакам да останам тука – заклучува Миша.
Извор: blic.rs
