Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Употреба на антибиотици во сточарството: ОН предлагаат глобално намалување, ЕУ забрана од јануари 2022
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Употреба на антибиотици во сточарството: ОН предлагаат глобално намалување, ЕУ забрана од јануари 2022
Сточарско производство

Употреба на антибиотици во сточарството: ОН предлагаат глобално намалување, ЕУ забрана од јануари 2022

Објавено 31/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалните лидери и стручњаци побараа значително и итно намалување на количините на антимикробни лекови, вклучувајќи и антибиотици, кои се користат во прехранбените системи, сметајќи ја оваа одлука за клучна во борбата против растечкото ниво на резистенција на лекови, за кое се смета дека станува глобална закана.

Повикани се сите земји од светот значително да го намалат нивото на антимикробни лекови, стои во соопштението на СЗО. Тоа вклучува престанок на употребата на медицински важни антимикробни лекови за поттикнување на растот кај здравите животни и севкупното поодговорно нивно користење.

Ова соопштение поттикна на расправа.

Целите мора да бидат специфични за секоја држава

„Она што недостасува на овој повик е јасната цел за намалување“, за Гардијан изјавил Томас ван Бекел, научник за АМР болести и системи на сточарско производство од Швајцарскиот сојузен институт за технологија. Тој смета дека не е доволно да се препорача лековите да се намалат значитилно, бидејќи таквата препорака никого не обврзува.

Овој стручњак смета дека целите мора да бидат специфични за секоја држава.

„Би било неправедно, на пример, да им се наметнуваат строги цели на земјите на земјите во развој, на кои стоката им е потребна за живот“, нагласил тој, додавајќи дека земјите со високи приходи и Кина би можеле да се насочуваат на помалку од 50 мг активни состојки антибиотици по килограм на одгледано месо.
Потсетува дека многу земји на ЕУ користат многу повеќе од тоа, што е прикажано во трудот од 2017 година на кој Бекел бил коавтор.
Таму се наведува дека глобалната граница од 50 мг антимикробни средства по килограм животински производ годишно би можела да ја намали вкупната потрошувачка за 64 проценти.

Забраната на антибиотици е против благосостојбата на животните?

Треба да се напомене и дека ревидираната Уредба за ветеринарно-медицинските производи предложила ограничување на употребата на антимикробни лекови во профилаксата (за спречување на болести) и метафилаксата (во корист на превенција од заболување кај останати здрави единки кои се во контакт со заболените животни), а која на сила во земјите челнки на Европската Унија би требало да стапи на сила на 28 јануари 2022 година.

Оваа одлука Зигфрид Модер, претседател на германското Сојузно здружение на ветеринари ја смета за голем удар за ветеринарството.

„Ветеринарната струка се залага за одговорна употреба на антибиотици и исто така поддржува научно втемелени ограничувања во сточарството. Општата забрана за употреба е во спротивност со благосостојбата на животните, бидејќи дури и со оптимални услови на чување, лечењето со антибиоици на крајот е потребно за одредени бактериолошки болести“, изјавил Модер за Agrarheute.

Одлуката за забрана ја критикува и Германското здружение за заштита на живтоните сметајќи го таквото решение за лажно. Истакнуваат дека резистенцијата на антибиотици мора да се спречи на паметен и комплетен начин.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:антибиотициветеринаркрави
Претходен напис ЕУ воведува построги стандарди за присуство на олово и кадмиум во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња
Следен напис Калифорнија ги затвора шумите за посeтители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?