Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Агровести

Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ

Објавено 21/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полицијата приведе 28-годишна жена од Кривопаланечко, една од сопственичките на говедата што со години слободно се движат во околината на Крива Паланка, влегуваат во ниви и дворови и предизвикуваат штети.

Според МВР, Ј.Ѓ. била приведена во месноста Калин Камен, откако вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство ја пријавиле дека ги спречувала да заловат дел од кравите кои се во сопственост на нејзиното семејство.

Станува збор за проблем што подолго време ги засега жителите на повеќе села во кривопаланечкиот регион. Говедата се движат слободно, без соодветен надзор, влегуваат во приватни имоти и нанесуваат штета на земјоделски површини и дворови.

„Ј.Ѓ. е задржана во полициска станица, а против неа ќе следува соодветна пријава“, стои во полициското соопштение.

Агенцијата за храна и ветеринарство на крајот на минатиот месец информираше дека заловила 92 од спорните говеда. Истовремено, беше соопштено дека околу 20 од заловените животни угинале, што отвори прашања за условите во кои биле сместени.

Од АХВ тогаш како причина за угинувањето наведоа дека животните не биле навикнати да живеат во затворен простор.

Случајот повторно го отвора прашањето за одговорноста на сопствениците, заштитата на имотите на жителите, но и за начинот на кој институциите постапуваат со животните откако ќе бидат заловени.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ахвкравиуапсена
Претходен напис Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Следен напис Викендов пристигнува невреме со дожд, ветер и град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?