Александар и неговата сопруга Виолета имаат семејна фарма со 130 грла високомлечни крави во село Мустафино.
Почнале со 10 крави, како продолжување на традиција од нивните родители но на еден современ начин и модерна технологија. Во сите предизвици, успони и падови, имале меѓусебна поддршка и разбирање, главен услов за успешен агробизнис, вели Александар.
ОД НАСТАВНИК ДО ФАРМЕР СО 130 КРАВИ
Кога амбицијата за успешен семеен бизнис е доволен мотив да се ризикува сигурното работно место. Примерот со Александар е за оптимисти и луѓе кои веруваат во себе и своето семејство.
ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА КРАВИ Е ДОБАР БИЗНИС
„ Важно е да има соработка меѓу фармерите, млекарите, министерството, науката…кога сите ќе бидеме во систем резултатите бргу ќе се видат“. Александар зборува за важноста од заедничкото делување на сите чинители во ова производство.
АКО НЕ БЕШЕ МЛЕКАРАТА „БУЧЕН КОЗЈАК“, НЕМАШЕ ДА УСПЕЕМЕ
За важноста од сигурен откуп на млекото, поддршка од млекарата и соработка со стручнен кадар за поголема едукација и добивање на квалитетно млеко кое има и повисока цена. За „Бучен Козјак“ вели дека без нивната поддршка немало да успеат и да размислуваат за уште поголем развој и модернизирање на производството.
Семејството Ивановски и нивната фарма се слика од иднината на нашето сточарско производство, а изјавите на Александар како противтежа на познатото незадоволство на сточарите.
Агротим
