Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ воведува построги стандарди за присуство на олово и кадмиум во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ воведува построги стандарди за присуство на олово и кадмиум во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња
Агровести

ЕУ воведува построги стандарди за присуство на олово и кадмиум во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња

Објавено 31/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија воведува построги стандарди кога станува збор за олово и кадмиум во храната, како дел од поширокиот план за превенција од рак.

Од вчера (понеделник, 30.8.2021), се применуваат новите ограничувања за оловото во храна за новороденчиња, зачини, вина и сол, а од денеска, нови ограничувања се однесуваат на кадмиумот во овошјето, зеленчукот, житарките и маслодајните семиња.

„Како дел од напорите за подобрување на здравјето преку пристап до здрава исхрана и физичка активност во рамки на Европскиот план за борба против ракот, одлучивме дополнително да го намалиме присуството на канцерогени загадувачи во храната“, рече европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.

Оловото и кадмиумот се токсични канцерогени материи. Новите стандарди се засноваат на новите податоци, кои покажуваат дека не постои праг под кој со сигурност може да се исклучи нивното штетно влијание врз здравјето на луѓето.

Европската агенција за безбедност на храна, исто така, неодамна изрази загриженост дека изложеноста на олово во храната може да влијае на невролошкиот развој на фетусите, новороденчињата и децата.

Размерно високи нивоа на олово се откриени во алгите, рибите, морските плодови и додатоците во исхраната.

Германското министерство за животна средина предупреди дека и други намирници, како што се житарките и зеленчукот, исто така, можат во значителна мера да придонесат во внесот на оловото, иако го содржат во релативно мали количини, но луѓето многу ги консумираат.

За повеќето видови сол, новите правила ќе важат за ограничување од 1 мг олово за килограм.

Кадмиумот влегува во околината преку процесите на согорување или талог од канализација, а може да навлезе во почвата и преку фосфатните ѓубрива.

Извор: swordstoday.ie, foodnavigator.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зеленчуккадмиумхрана
Претходен напис Пандемијата го намали интересот за вадење дозволи за берење на шумски плодови во Кавадаречко
Следен напис Употреба на антибиотици во сточарството: ОН предлагаат глобално намалување, ЕУ забрана од јануари 2022
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?