Нашата ситуација е многу лоша, одбиен сум за субвенции за 40 крави околу 8.400 евра, причина е затоа што не го исполнувам условот да имам теле заклано во кланица, од 150 кг, а треба да биде над 250 кг. Жално и срамота, има и други вакви случаи. Ако не ги добијам субвенциите ќе го продадам добитокот и да заминам за странство – вели во изјава за Телевизија М- Нет, Александар Мачевски и додава дека има фирма која ја одржува 8 години, плаќа редовно давачки на државата и само од тоа живее целото семејство.
-Осум години фирма плаќам, а сега сум принуден да продадам и да бегам. Родител сум на 4 деца и сакав овде да живеам и да работам земјоделство. Но после ова што ми се случува, се ќе продадам и овците и кравите и ќе заминам во странство.Ова е катастрофа – вели Мачевски.
