Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија
Агровести

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија

Објавено 14/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера и денес, во Хелсинки, Република Финска, се оддржува 46- тата по ред „Конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија“. Македонската делегација ја предводи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој активно учествуваше и оствари повеќе неформални, билатерални средби кои се од клучно значење за Македонија на патот кон Европската унија.

28- те земји членки на ЕУ, на 46- тата директорска конференција заклучија дека сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклучително и Македонија, во наредниот период ќе мора да имаат поголема меѓусебна соработка, се со цел, успешно спроведување на заедничката европска земјоделска политика.

„Поблиска и меѓусебна соработка помеѓу националните и руралните мрежи и Платежните Агенции. Поголема поддршка на руралниот развој и младите фармери преку разни развојни програми во сите региони од Европа, како и успешна примена и имплементација на „ ISAK“ ( интегриран систем за административна контрола) кој е главен предизвик за целосна имплементација на заедничката земјоделска политика.“ – порача министерот за земјоделство на Финска, Јари Лепа.

Претставниците од Евроспката комисија порачаа дека Платежни агенции се од витално значење за спроведување на заедничката земјоделска политика, затоа сите заедно треба да си помагаат кон прилагодување на заедничката земјоделска политика и преку меѓусебна помош да влијаат и кон решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството преку воведување на нови технологии.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, рече дека искуствата и помошта што Република Северна Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење.

„ Владата, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, веќе ги спроведуваат дел од препораките дадени на конференцијата се со цел приближување на Република Северна Македонија до земјите кои веќе се дел од Европското семејство. Во таа насока, од огромно значење се размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии, модернизирање на производството и намалување на ризикот од климатските промени. Само со осовременување на земјоделството, приклучување на што поголем број на млади во секторот земјоделство, преку нови проекти, програми, нови технологии на производство агро секторот може да се развива и унапредува. “ – рече Бабовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:zemjodelstvoбабовскиИпардтехнологиихелсинки
Претходен напис Митат Исмаиловски: Одлично поминав со сончогледот, ги охрабрувам и другите земјоделци да насеат
Следен напис Кога овоштарите треба да го направат есенското сино прскање?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?