Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На фармата Мартиниќи – Литар магарешко млеко чини 50 евра, половина го донираат за деца со проблем со дијабетес и заболени од рак, а организираат и бал со магариња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > На фармата Мартиниќи – Литар магарешко млеко чини 50 евра, половина го донираат за деца со проблем со дијабетес и заболени од рак, а организираат и бал со магариња
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

На фармата Мартиниќи – Литар магарешко млеко чини 50 евра, половина го донираат за деца со проблем со дијабетес и заболени од рак, а организираат и бал со магариња

Објавено 30/11/2022
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фармата за магариња Мартиниќи е основана во 2015 година со примарна цел да ги заштити магарињата од истребување. Во сабота, 3 декември, фармата го организира традиционалниот новогодишен бал со магариња за деца и возрасни, на кој сите се добредојдени, а влезницата е симболично 1 евро.

Ова животно е дел од природното и културното наследство на Црна Гора и било најголемиот сојузник во тешкиот живот во црногорските села. До пред триесетина години немало куќа во суровиот дел на државата која немала магаре за разни потреби. Денес, тие ја загубија битката со машините, луѓето ги напуштија селата, па магарето како животно ја загуби својата улога и стана едно од најзагрозените животински видови во земјата. Во Црна Гора нема повеќе од 150 магариња, од кои педесетина се на фармата Мартиниќи, вели сопственикот на фармата Дарко Савелјиќ, кој со читателите на Агротим ја сподели приказната за неговата фарма за магариња.

-Работите се вакви: на пазарот за добиток во Подгорица, пред шест години, цената на магарето изнесуваше 25 евра. Најчесто го купувале ловци кои ги хранеле кучињата со неговото месо. Денес не може да се купи за помалку од 200, 250 евра. Целосно успеавме во мисијата за заштита на магарињата, многумина се заинтересирани за основање фарми и неколку од нив во Македонија и Албанија беа основани по посетата на нашата фарма, па идејата се шири.

Половина година по основањето на фармата, направив профил на Фејсбук, почнав да пишувам објави за настани на фармата и почнаа да доаѓаат луѓе. Така се отвори можноста за нова програма – едукација. Јас сум вегетаријанец од етички причини повеќе од 30 години, поддржувач на заштитата на природата и правата на животните, така што оваа нова улога не ми беше тешка. Фармата досега ја посетиле повеќе од 70.000 луѓе, сѐ повеќе странци во последниве години.“

На фармата Мартиниќи магарињата ги купуваат за да ги спасат од напорна работа и глад.

„Фармата стана азил за една третина од животните: ние купуваме магариња само за да ги спасиме од напорна работа, тортура и глад. Ја отворивме фармата за семејствата кои имаат деца со аутизам. Дружењето со магариња се покажа успешно во голем број случаи. Бидејќи фармата ги почитува правата на животните, единствените кои можат да ги јаваат нашите магариња се деца во инвалидски колички, и оваа терапија може да помогне многу во некои случаи, вели Савелјиќ.

Покрај рециклирањето на отпадот, секој грам од магарешкото ѓубриво на фармата се компостира.

-Минимализмот е нашиот водич. Луѓето кои доаѓаат прв пат, знаејќи за популарноста на фармата во земјата и во странство, очекуваат огромна зграда, комплекси од хангари и слично. Ги пречекува мала фарма направена од користени или рециклирани материјали, па се изненадени. Нашата цел е да не земаме ништо од природата, да имаме позитивно влијание врз животната средина, така што, меѓу другото, покрај рециклирањето на отпадот, секој грам од магарешкото ѓубриво го компостираме.

За влез на фармата ќе ви бидат потребни килограм моркови или јаболка.

-Фармата стана единствената дестинација во земјата што има влезница што се јаде: килограм моркови или јаболка по лице, што посетителите им ги даваат на магарињата. Посетите се ограничени исклучиво за недела од 10 до 13 часот. Во други денови, магарињата не се на фармата, тие уживаат слободно да пасат на ливадите. Многумина би завидувале на квалитетот на животот на магарињата на нашата фарма. Фармата ја препорачува Lonely planet како една од трите атракции во Даниловград, општината на која ѝ припаѓаме, а имаше и посебни прилози на BBC, германскиот јавен сервис ARD, TV Arte и други. Нашите магариња станаа светски ѕвезди. Само во 2019 година нѐ посетија повеќе од 3.000 германски туристи. Автомобилскиот гигант „Порше“ нѐ избра како една од четири успешни црногорски приказни преку кои ќе ги рекламира своите автомобили. Сето ова нѐ стави во нова приказна и нѐ натера да ја зголемиме нашата понуда – раскажува Савелјиќ.

На фармата има и Музеј на магариња.

-Во летото 2019 година, го отворивме првиот Музеј на магариња во регионот со Центар за посетители. Во Музејот ги изложивме сите алатки за работа, чија движечка сила било магарето. Ние го нарекуваме Музеј на магариња, а магарињата, кога би знаеле да зборуваат, би го нарекле Музеј на магарешкиот терор, бидејќи не било лесно да се влече сето тоа. Во Центарот за посетители, единствен од ваков вид во регионот, на неколку јазици е претставен филм за нашата фарма и за нашата мисија.

-На фармата имаме и два луксузно опремени апартмани за туристите кои доаѓаат и работат на фармата. Да, да, работат. Го остваривме црногорскиот сон, со оглед на тоа што Црногорците во регионот нѐ бие глас дека сме мрзливи: странци да доаѓаат и да уживаат на нашата фарма работејќи. Ја чистат фармата, ги средуваат магарињата, купуваат сено и сѐ што треба да се направи тој ден. За возврат, добиваат органска храна одгледувана, собрана и подготвена на фармата, што е прилично егзотично за повеќето странци.

Она со што се гордееме се нашите посетители, не само на апартманите, туку и на фармата. Тоа се претежно луѓе со изградена свест, кои се релаксираат во природа, а не во трговски центри, кои ја посетуваат фармата поради нејзината мисија, влијанието врз природата и општеството и, како рече една Финка, поради филозофијата што ја чувствува во секој агол на ова место.

Фармата, по три години напорна работа, успеала да се избори и станала самофинансирачка.

-Го молземе и го продаваме најквалитетното и најскапо млеко во земјата. Литар чини 50 евра. Ефектите врз здравјето, пред сѐ врз болестите на дишните патишта, кожата и имунитетот се повеќекратни. Во народот позната како „магарешка кашлица“, во Црна Гора се третираше исклучиво со магарешко млеко. И медицината уште не успеала да се справи со овој проблем, како што го прават тоа само неколку децилитри од овој пијалак. Како кофинансирање, започнавме со производство и козметика базирана на млеко. Кремите се прилично скапи, но кој еднаш ќе ги купи, им останува верен, поради дејството на природата врз кожата со „ефектот Клеопатра“, бидејќи египетската кралица својата убавина ја должела на капење во магарешко млеко.

Фармата половина од произведеното млеко го донира за пациенти заболени од рак без оглед возраста, за деца со проблем со дијабетес, а сакајќи да го поттикнеме доброволното дарување крв, и на доброволците дарители. – завршува Савелјиќ.


Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:мартиниќифарма за магариња
Претходен напис Од 1 декември Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија поради откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката
Следен напис Министерот Николовски ќе се сретне со косовскиот колега Фатон Пеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?