Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студија: Климатските промени предизвикуваат поекстремни временски услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Студија: Климатските промени предизвикуваат поекстремни временски услови
Магазин

Студија: Климатските промени предизвикуваат поекстремни временски услови

Објавено 30/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на екстремни временски неприлики што се случуваат низ целиот свет се зголемува како резултат на климатските промени, покажа истражувањето објавено во списанието Сајенс Адвансис (Science Advances).

Околу две третини од копното на Земјата ќе се соочуваат со „влажна и променлива“ хидроклима на дневна и повеќегодишна основа, што значи поголеми промени помеѓу влажните и сувите екстреми, наведуваат истражувачите, предупредувајќи дека третина од вкупната површина на светот ќе се соочи со повеќе суши.

Според меѓународниот тим научници, поекстремните врнежи претставуваат дополнителна закана за инфраструктурата и општеството воопшто.

Пред сè, глобалното затоплување ја прави климата понеурамнотежена, „поекстремна во однос на влажноста и сушата“, посочи тимот предводен од професор Венксиа Жанг од Кинеската академија на науките во Пекинг.

„Хидролошкиот циклус се засилува со затоплувањето на климата, а глобалните просечни врнежи се зголемуваат за еден до три проценти по степен на покачување на температурата на површинскиот воздух“, се вели во студијата. Но, овој тренд не е уедначен и екстремните врнежи може да се зголемат уште повеќе во региони со голема влага во атмосферата.

Областите во повлажни подрачја, како што се монсунските региони во Индија, веројатно ќе бидат повеќе изложени на промени, со зголемување на обилните врнежи од дожд, меѓу другите ефекти, се вели во студијата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:климаклиматски промени
Претходен напис (Видео) Сточарите извлекуваат илјадници угинати свињи од поплавените фарми во Кина – се заканува ширење на Африканска свинска чума
Следен напис Хоџа: Чешкиот бизнис сектор изразува голем интерес за продлабочување на економската соработка со нашата бизнис заедница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?