Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“, бидете во тек!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“, бидете во тек!
Јавни огласи и повици

Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“, бидете во тек!

Објавено 06/07/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сподед најавата на Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, Повикот за Мерка 7 од ИПАРД програмата се очекува да биде објавен на почетокот на овој месец. Во меѓувреме информирајте се за условите за аплицирање и документите кои ви се потребни.

ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси

Прочитајте ги одговорите на некои од прашањата што ги добиваме секојдневно од страна на нашите читатели кои се заинтересирани да аплицираат на овој јавен повик.

1. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде винарија или дестилерија за ракија?

Во Мерка 7 од ИПАРД програмата, во приоритетниот сектор„ Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“ спаѓа производство на алкохолни производи од грозје или овошје и пиво. Но сепак прифатлива инвестиција може да биде само дестилерија за ракија, но не и винарија.

2. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде производство пакување на органско ѓубриво?

Да, производството на органско ѓубриво може да

Да, производството на органско ѓубриво може да биде прифатлива инвестиција воо оваа мерка 7 во согласност со листата на прифатливи не- прехрамбени производи прикажана во Прилог 5 во упатството за корисниците на мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“и согласно важечката Национална класификација на дејности ( НКД).

3.Во документацијата потрребна за приоритетниот сектор 7 – „Промоција на рурален туризам“наведено е дека потребно е да се достави Решение за вршење угостителска дејност-сместување. Како да се обезбеди овој документ доколку објектот не е изграден?

Доколку објектот не е изграден , односно е предвиден да се гради како инвестиција со ИПАРД Мерка 7 тогаш овој документ ќе се доставите пред исплата кога ке се изгради и заврши објектот

4.Дали Мерката 7 поддржува инвестиција развој на спортски риболов?

ИПАРД Мерка 7 подржува во рамките на Руралниот туризам инвестиции поврзани со спортски риболов. Тоа спаѓа во Аквакултура и рекреатвни активности за туристите, но потребна е соодветна дозвола издадена од МЗШВ.

5.Дали Мерка 7 поддржува одгледување на дивеч

ИПАРД Мерка 7 поддржува инвестиции за одгледување на дивеч во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство. Меѓутоа треба да се има во предвид дека апликантот треба да поседува соодветна дозвола за тоа издадена од страна на МЗШВ.

6. Дали ИПАРД Мерка 7 поддржува подигнување на насади со боровинки во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство?

Не , Мерката 7 не поддржува подигање на насади со боровинки , бидејќи боровинките спаѓаат во овошни насади и се опфатени со Мерката 1.

7.Дали за ИПАРД фондовите можат да аплицираат Здруженија на граѓани?

Не , здруженија на граѓани не можат да аплицираат за ИПАРД фондовите.

8. Кои Правни лица можат да аплицираат за ИПАРД Програмата мерка 7?

Можат да аплицираат Правни лица (микро и мали претпријатија), кои ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), и тоа:

Микро: Број на вработени < 10 , Годишен приход (обрт) ≤ €2 милиони, Биланс на состојба ≤ € 2 милиони.

Мало: Број на вработени <50, Годишен приход (обрт) ≤ € 10 милиони и Биланс на состојба ≤ € 10 милиони.

9. Дали можата да аплицираат физички лица

-За ИПАРД програмата мерка 7 можат да аплицираат и Физички лица и тоа:

-кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина:
• Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за
занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата:
• Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители
согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
• Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со
Законот за трговски друштва;
• Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник
на семејно земјоделско стопанство или друг член на семејно земјоделското стопанство и
• Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на
индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните
средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само
доколку ги исполнат специфичните барања, односно доколку тој/таа:
• поседува докажани професионални способности преку стручно образование или стручна обука или друг
професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност;
• се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа
ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител или трговец поединец во општината
каде што се наоѓа руралната средина.

Доколку имате и вие конкретни прашања можете да ни пишете во коментар или на Е-пошта: [email protected] и ќе добиете одговор на сите ваши дилеми.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:ИпардМерка 7прашања
Претходен напис Последниве шест месеци секој втор ден регистриран по еден пожар во Кичево
Следен напис (Фото) Задругата „Пчелин рај“ донираше пчелни семејства за Атиџе од „Медена земја“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?