На покана на турскиот министер за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, министерот Арјанит Хоџа имаше чест да учествува на најголемиот меѓународен саем за земјоделство и сточарство AGROEXPO во Измир, Турција.
Ова е најголемиот меѓународен саем во Турција од ваков тип, на површина од 337.000 квадратни метри и 12 саемски хали. AGROEXPO 2021 се одржува по 16. пат и ќе биде домаќин на важни меѓународни производители и компании од агросекторот, локални и меѓународни производители на земјоделска механизација, како и многу индивидуални земјоделци. Интересот за учество на компаниите е огромен. Повеќе од 1000 компании ги презентират своите производи пред околу 390.000 посетители.

AGROEXPO е лидер на саемски манифестациии од агросекторот, со огромна деловна вредност. Околу 2.000 деловни луѓе од 80 земји учесници, преку B2B состаноци ги градат новите пoврзувања на клиенти и потенцијални партнери за соработка преку воспоставување на висококвалитетни деловни врски.

Турција и турското Министерство за земјоделство, се наши докажани партнери со кои соработката, трансферот на знење и нивното искуство во многу области од секторот земјоделство, се силен мотив и поддршка за развој на нашето земјоделство. Искуството од AGROEXPO 2021, е огромен бенефит за сите учесници и е со неспоредливо висок потенцијал во градењето на деловните врски во агросекторот, стои во објавата на Министерството.

