Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Агровести

Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион

Објавено 16/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети Подрачната единица на Министерството во Куманово, каде што оствари средби со вработените и со земјоделци од регионот.

Во рамки на посетата беа доделени и картички за зелена нафта, преку мерка 10 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

За подрачјето што го покрива Подрачната единица Куманово, во кое спаѓаат и општините Липково и Старо Нагоричане, предвидени се вкупно 3.641 картичка, со вкупна вредност од 33.227.969 денари.

На државно ниво, за оваа мерка се обезбедени 564 милиони денари, за вкупно 48.037 картички. Висината на поддршката се утврдува според земјоделските површини и видот на културите, во износ од 3.200 до 12.000 денари по хектар.

„Свесни сме дека трошоците во земјоделството се високи, затоа преку мерката зелена нафта настојуваме да им олесниме дел од производствените трошоци на нашите земјоделци. Им благодарам за нивниот секојдневен труд и посветеност, бидејќи домашното производство се темели токму на нивната работа“, истакна Хоџа.

Заменик-министерот им се заблагодари и на вработените во Подрачната единица во Куманово за нивниот ангажман во служба на земјоделците и во спроведувањето на мерките за поддршка.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Список на кандидати кои исполнуваат законски услови за полагање испит за лиценца за процена на тутун
Боево гаѓање во Пехчево на 16 октомври
Панел дискусија по повод Светскиот ден на храната
Серафимовски во посета на Хидробиолошкиот институт во Охрид
Таг:33 милиони денаризелена нафтаКумановоХоџа
Претходен напис Список на кандидати кои исполнуваат законски услови за полагање испит за лиценца за процена на тутун
Следен напис Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?