Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларникот во јуни – Овој месец е најпогоден за размножување на пчелните семејства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Пчеларникот во јуни – Овој месец е најпогоден за размножување на пчелните семејства
Органско производство

Пчеларникот во јуни – Овој месец е најпогоден за размножување на пчелните семејства

Објавено 14/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во јуни во поголемиот дел од нашата земја има најголем прилив на нектар па треба да се посвети посебно внимание околу работите што се врзани за максималниот прилив на мед. Исто така има и други работи кои се од посебно значење во овој месец.

Од раната паша треба да оставиме во резерва рамки кои се наполнети со поклопен мед и полен. Овие рамки ќе ги искористиме покасно на есен или во рана пролет бидејќи природниот мед и полен немаат замена во развојот на пчелното друштво.

Веќе на почетокот од овој месец има мед за цедење. Кога ќе се исцеди медот треба да се остави најмалку 48 саати за да испливаат ситните делчиња од восок. Кога ќе се отстранат сите делчиња од восок и евентуално пената ако ја има, медот го ставаме во чисти садови и добро го затвараме. Медот најдобро е да се чува на температура од 12 степени. Вака складиран медот има неограничен рок на употреба, само што после извесен период ќе кристализира, што не го намалува неговиот квалитет.

Овој месец е најпогоден и за размножување на пчелните семејства. Најдобро е пчеларот прво да произведе млади матици па потоа да пристапи кон размножување, за да не губи време новото друштво и да не заостане многу во неговиот развој.

АПРЗ РЕ Скопје
Дипл. инг. агр. Ласта Миленковски

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:јунипчели
Претходен напис Напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за поголема конкурентност на градежниот сектор
Следен напис Во април земјава ја посетиле 9103 странски туристи, најбројни од Турција и Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?