Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за поголема конкурентност на градежниот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за поголема конкурентност на градежниот сектор
Агровести

Напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за поголема конкурентност на градежниот сектор

Објавено 14/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На градежниот сектор му се потребни напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за тој да биде конкурентен на европскиот пазар. Голем дел од работниците во овој сектор не се доволно обучени и сертифицирани што ги прави неконкурентни на пазарот на труд.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во соработка со уште четири други држави, започнува проект во рамки на програмата „Хоризонт 2020“ со кој се очекува да се подигне конкурентноста на овој сектор.

– Важно за нас е да продолжиме во овој сегмент бидејќи ако некаде слабо влегуваат напредните технологии, тоа е градежниот сектор. Тој е еден од оние сегменти кој заостанува, а иднината оди во правец на тоа Европската Унија да сака компании кои се подготвени да одговорат на предизвиците кои бараат градењето да биде енергетски ефикасно и одржливо со употреба на напредни материјали и техники, истакна извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев на денешната прес-конференција на која беше претставен проектот „Одржливи енергетски вештини во градежништвото“.

Според Христина Спасеска, проректор на скопскиот Универзитет, клучот за успешен премин кон зелената економија се квалитетните обуки на градежните работници, инженерите и сите останати професионалци кои работат во овој сектор.

– Градежниот сектор е специфична економска гранка каде голем дел од работниците немаат формално образование или не се сертифицирани за тоа што го работат. Тоа ги прави компаниите неконкурентни во бизнис секторот, но и работниците неконкурентни на пазарот на труд, смета Спасевска, според која многу значајно е и формалното образование. Досега, во рамки на претходни три проекти обучени се околу 1.800 градежни работници, направени се 14 различни програми за обука и подготвен е патоказ за тоа кои вештини им се потребни на работниците. Она што се очекува од новиот проект е широка електронска база на меѓународно ниво во која ќе има податоци за сертифицирани работници, провајдери на обуки и за компании во кои ќе може да се вработат сертифицираните лица. Од Стопанската комора на Северна Македонија велат дека има интерес од градежните компании и оти процесот на дигитализација во градежништвото е почнат.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градежништвоенергетска ефикасност
Претходен напис Поскапуваат бензините
Следен напис Пчеларникот во јуни – Овој месец е најпогоден за размножување на пчелните семејства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?