Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бактериска болест во Германија уништила 40.000 хектари шеќерна репка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бактериска болест во Германија уништила 40.000 хектари шеќерна репка
Агровести

Бактериска болест во Германија уништила 40.000 хектари шеќерна репка

Објавено 21/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бактериската болест Syndrome Basse Richesse (SBR), односно синдром на ниска содржина на шеќер, сè повеќе се шири во полињата со шеќерна репка во Германија, јавува Аgrarheute.

Минатата година оваа болест уништила 20.000 хектари од оваа полјоделска култура. Загрижува фактот што оваа бројка е двојно зголемена оваа година, бидејќи дури 40.000 хектари сега се погодени од инфекцијата.

Болеста сè повеќе се шири во југозападниот дел на Германија. И во Франција предизвика големи штети во последните неколку години. Локалните земјоделци изгубиле до 50 проценти од своите приноси како резултат на оваа болест.

Како да се препознае?

Симптомите на оваа болест се манифестираат на растенијата преку жолтите листови, што резултира со послабо спроведување на фотосинтезата. Тоа на крајот значи 20 до 40 проценти помалку шеќер.

Треба да се напомене дека носители на инфекцијата се цикади. Овие инсекти се класифицираат како загрозен вид, па на експертите не им е јасно зошто имало масовна инфекција на шеќерна репка.

Инсектицидите кои се користеле во заштитата имале ограничен ефект врз цикадите во почвата, а против бактериите не може да се бориме со хемиски методи. На производителите главоболки им создаваат и лисните вошки, кои го пренесуваат вирусот на жолтица, а неоникотиноидите за нивно сузбивање се забранети.

Во Германија е започнат проектот Penta-Resist со цел да се разјасни како делува симбиозата помеѓу цикадите и бактериите и како тие влијаат на шеќерната репка. Целта е да се развијат идни мерки за заштита. Проф. д-р Мајкл Ростас од Универзитетот во Готинген се надева дека ќе успее да идентификува што ги привлекува штетниците да ја пронајдат репката. Според него, тоа би можело да помогне во развој на заштитни методи. Покрај тоа, долгорочна цел на проектот е да се најдат отпорни сорти на споменатата бактерија.

Бактеријата што предизвикува синдром на низок шеќер се повеќе се шири на полињата со шеќерна репка во југозападна Германија. Оваа бактериската болест веќе уништи 40.000 хектари од оваа култура.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ерна реппкаше
Претходен напис Деспотовски: Инвестираме 15 милиони евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален развој
Следен напис Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники, позитивните пациенти ќе се примаат само на Институтот за ТБЦ и на Инфективна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?