Со цел да на семејната фирма да и помогне да опстои во услови на пандемијата, Милан Петровиќ од Ниш осмислил автомат цвеќарница. Љубителите на цвеќе во Ниш сега можат да добијат букет без контакт со продавач во кое било време од денот и ноќта.
Семејството на 26-годишниот Милан, пред неколку години отворило цвеќарница, но поради годината на пандемијата биле оневозможени редовно да работат. Милан дошол до идеја да отвори автомат цвеќарница, која на купувачите им е достапна 24 часа на ден, а парите наместо во рацете на продавачот, одат во автомат.
„Вакво нешто постои во светот, но ние сме единствени на југот на Србија. Сличен апарат се наоѓа во Лозница, но тој е во состав на објектот. Слични машини прават Британците и Италијанците, но за нашиот пазар ова е нов концепт за продажба“, вели Милан Петровиќ.
Откако се ставаат парите во автоматот, купувачот може да избере еден од 17 аранжмани. За да се зачува свежината на цвеќето, морале да направат посебен фрижидер во рамки на автоматот.
„Најголемиот проблем беше да се направи систем за ладење кој нема да ги оштети цветовите. Една компанија од Ниш направи специјален уред кој работи на температура помеѓу 5 и 9 степени и ја чува свежината. Еднаш дневно го дополнуваме автоматот, за да можат клиентите да имаат подобар избор“, вели Петровиќ.
Петровиќ вели дека коментарите се позитивни и дека е среќен што успеал да придонесе за зачувување на семејниот бизнис, а со новиот автомат за продажба, бизнисот веќе нема да зависи од епидемиолошката состојба. Тој исто така е задоволен што сега се секогаш тука за купувачите, кои веќе не мораат да гледаат на часовникот и да брзаат кон цвеќарницата за да изненадат некого.
Извор: juznevesti.com
