Нега
Лукот, особено наесен е отпорен на ниски температури. Дури и на температури под -25ºC речиси никогаш не се забележуваат никакви оштетувања на растенијата. Никнува на темепратура од 3 до 5ºC. Оптималната температура на растење е помеѓу 18 и 22ºC, a во фаза на созревање околу 26ºC. Исто така добро поднесува и високи температури.
Култивирање и окопување
Кога растенијата никнуваат и достигнуваат височина од 6-10 см, се прави прво култивирање и окопување. Оваа технолошка мерка ако е поголемо растојанието меѓу редовите може да се изврши со распоредени работни делови на култиваторот влечени со полесен трактор. Често се користи и мотокултиватор или се прави рачно.

Зачестеноста на култивирањето и окопувањето во текот на вегетацискиот период зависи од количината на плевелот, појавата на покоричка, па според тоа и се применуваат тие мерки, а најчесто 4 до 5 пати.
Прихрана на лукот
Лукот кој се сади во текот на есента поретко се прихранува веднаш после никнувањето но и тоа може да се направи со додавање на NPK ѓубрива (15 : 15 : 15). Но во пролет посевите се прихрануваат со 100-150 кг/ха ѓубриво со ист состав како во претходниот случај.
Засадениот лук пролетник се прихранува при првото култивирање и окопување на растенијата. Се употребуваат сите три вида на NPK ѓубрива (15 : 15 : 15) во количина од 100 до 150 кг/ха.
Последното прихранување треба да се примени заедно со култивирање на земјиштето кога ќе започне формирање на луковиците.
Наводнување
Eсенскиот лук се обезбедува со поголеми количини зимска влага па се случува да не мора редовно да се наводнува, туку само по потреба.
Лукот пролетник често мора да се наводнува особено кога е сува пролетта или летото, а обично доволно се две до три наводнувања.
Извор: agrosavjet.com
