Дони Рае Френклин од Брукс, Алберта, Канада, искористила стари автобуси за да направи стаклени оранжерии.
„Со моето семејство ги собравме повеќето потребни материјали – вклучувајќи ги и автобусите – на локалните аукции“, објаснува Дони. „Минатата зима преправивме два автобуса“.


Започнале со отстранување на сите седишта од два автобуси, едниот за 72, другиот за 32 патници. Освен тоа, секоја модификација беше единствена. Помалиот автобус, дури може и да се стартува и да вози бидејќи моторот сè уште добро му функционира.
Лимениот покрив го замениле со провидна тврда пластика (поликарбонат) за да има повеќе светлина.

„Претворањето на поголемиот автобус во стаклена градина бараше отстранување на надворешниот и внатрешниот покрив со отсекување на навртките. Ова беше најтешкиот дел од целиот проект“, велат членовите на семејството кои ја завршиле работата.

Го рециклирале плехот од покривот за да ги направат саксиите за садниците, што исто така им овозможило да избегнат директен контакт на дрвените кутии за расад, со што ќе се минимизираат проблемите со нивно скапување.
„Оваа пролет имавме лоши бури кога требаше да користиме преносни грејачи на пропан во автобусите четири ноќи. Наесен, планирам да инсталирам трајни грејачи на природен гас“, вели Дони.

Моментално наводнува со градинарско црево, но работи на инсталирање систем за наводнување капка по капка. Прозорците го олеснуваат контролирањето на вентилацијата со отворање по потреба.

Дони произведува и продава свежи производи во текот на летото, а зафатена е и преку зима со нејзината специјализирана продажба на сушен зеленчук.
„Бидејќи сè повеќе се занимавав со комерцијално градинарство, сфатив дека овие оранжерии се најдобриот начин да се постигне сигурна берба, и да се спречат штетите од мраз и град“, објаснува таа.

Бидејќи е мобилен, помалиот автобус може да биде добра алатка за маркетинг во иднина, вели Френклин. Таа би можела да привлече големо внимание ако го користи автобусот за транспорт на свежи производи на земјоделските пазари во градот.

„Кога некогаш би имале време да изградиме ваков автобус за некој друг, би наплаќале околу 8.000 американски долари за голем автобус“, вели Френклин.

