Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките и понатаму во пад – од што зависат?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агроберза > Цените на житарките и понатаму во пад – од што зависат?
Агроберза

Цените на житарките и понатаму во пад – од што зависат?

Објавено 02/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според EuroNext тон пченица чини 214,75 евра, а тон пченка 213,50. На понатамошниот развој на ситуацијата влијаат светски велесили како САД, Русија и Кина.

Европските цени на пченицата на почетокот на неделата паднаа за два проценти поради недостиг на побарувачка, а поволното време за раст на посевите на северната хемисфера ја подигна вредноста на новата жетва. Според последните податоци на париската берза, еден тон пченица чини 214,75 евра, додека со тон пченка се тргува по цена од 213,50 евра.

Цената на житарките за мелничко-пекарската индустрија, врз основа на последните достапни договори за мај 2020/21, намалена е за два проценти, на 210,50 евра по тон.

Висока вредност постигна на 19 јануари, во договор од 236 евра по тон, а тој износ го поттикна силната потрошувачка, посебно од Кина и рускиот данок на извоз насочен во спречување на инфлацијата на храната.

Расте и загриженоста поради кинеската побарувачка, поради новите случаи на африканската свинска чума.

Кога станува збор за септемвриските цени и новата жетва, цените паднаа на 194 евра по тон, а под притисок на добрите можности.

Во Франција условите за одгледување на мека пченица останаа поволни, а најновите податоци покажуваат дека 87 % од посевите се оценети со добри или одлични.

Добри изгледи во САД и Русија

Извозните цени на руската пченица нагло паднаа минатата недела и така го продолжија падот четврта недела по ред.

„Русите мораат уште повеќе да извезуваат, па цените паѓаат, а ние ги следиме“, изјавил трговец за Ројтерс.

Меѓутоа, agrarhaute пишува дека на пазарот на житарките се зависи од податоците кои ќе ги објави Министерството за земјодлество (USAID). Станува збор за залихите пченица, пченка и соја во САД, зад што се крие извозната побарувачката и глобалната понуда од следната жетва.

Освен тоа, и силата на кинескиот увоз игра пресудна улога во формирање на цените, а неодамна Кинезите ја предупредиле Франција да испорача пченица со поголем квалитет отколку што го правела пред тоа. Во секој случај, оваа велесила најавила дека ќе ја зголеми контролата на заштита на растенијата и квалитетот.

Обилни дождови се очекуваат во регионите на Русија и САД, кои се главни во производство на оваа житарка, што би требало да ги подобри изгледите за двата водечки извозници. Во прилог на ова, рускиот советодавен совет за земјоделство (ICAR) ја зголеми својата прогноза за жетва во 2021 година од 78 на 79,8 милиони тони. Исто така и Министерството за житарки (IGC) ја објави прогнзоата за глобалното производство во сезоната 2021/22, во која се наведува рекордна жетва од 2.224 милијарди тони.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Војната на Блискиот Исток со диркетно влијание врз цената на ф’стаците: „Зеленото злато“ е најскапо во последните осум години
(ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Поскапува лебот во повеќе градови?! Малишиќ: Трошоците се покачени над 10%, секоја пекара сама одлучува
Таг:пченицацена
Претходен напис Египет бара една милијарда долари компензација за Суецкиот канал
Следен напис Европска Унија: И на месото од увоз да се воведе стандард за благосостојба на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?